1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторска конференција за помош на Пакистан

19 ноември 2005

Шест недели по разорниот земјотрес во Пакистан, кој одзеде над 75 илјади животи, во Исламабад денеска почна донаторска конференција за помош на жртвите.

https://p.dw.com/p/AcBD
Кофи Анан во посета на погодените подрачја во Пакистан
Кофи Анан во посета на погодените подрачја во ПакистанФотографија: AP

Пакистанскиот претседател Перверз Мушарав ги повика нациите да донираат пари со цел да им се помогне на жртвите кои се уште се на отворено, бидејќи им се заканува смрт од студеното време. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, пак се пожали дека богатите држави заборавиле на Пакистан.

,, Денеска ја молам меѓународната заедница за помош. Потребна е целата наша енергија и креативност. Мора да работиме како еден човек. Се надевам дека за оваа мисија можам да сметам на вас, во наредбните недели, месеци, години, апелираше Анан денеска од Исламабад.

Светската банка посочи дека нациите треба да обеѕбедат 1,7 милијарди долари за итна помош и доплонителни 2,5 милијарди за натамошна реконструкција на погодените подрачја.

Пакистанскиот претседател Перверз Мушараф рече дека е тешко да се моли за толкава помош, но дека тоа мора да го направи заради својот народ:

,, Целата сума изнесува 5,2 милијарди долари. Тоа Пакистан не може да го овозможи. Затоа ја молам меѓународната заедница за помош. “ рече Мушараф. Како е во погодените подрачја во неговата земја?

Стотина деца во Муџафербад секој ден чекаат во редици за во мали пластични кантички да наполнат вода за пиење. Пакистанските војници наоружани со дрвени палки ја држат под контрола масата која се турка додека австриските војници точат вода од уредите за пречистување. Тие сега лиферуваат вода за пиење за 40 илјади жители на уништениот главен град на провинцијата, а наскоро ќе мора да се вратат во својата земја. Муџафарбад пред земјотресот броеше 240 илјади луѓе.

Мајорот Фриуц Афленцер објаснува:

,, Повелекувањето на уредите за пречистување на водата ќе биде голем проблем. ние мораме да се вратиме дома. Како тогаш ќе се излезе на крај со проблемот и со нехигиенските услови, не знаеме. Ќе биде мошне тешко,, вели мајорот.

Европската комесарка за надворешпни работи Бенита Фереро Валднер од хеликоптер го надгледуваше разрушениот град.

,, Јас бев шокирана од она што го видов, иако снимки постојано гледав на ТВ. Кога тоа ќе се види на лице место од близина , и тоа колку луѓето патат поради тоа, тогаш човек се потресува. И моите грижи се свртени кон оние кои сега се наоѓаат во тешка состојба,, вели Валднер.

Затоа сите погледи се свртени кон учесниците на денешната донаторска конференција. Надежите се дека конечно, на прагот на зимата, ќе се најдат засолништа за 3, 5 милиони луѓе кои земјотресот ги остави без покрив над главата.