1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донациите на Буш им се исплатат на американските фирми

31 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AeSl

Не постојат поединечни власти кои би ги надгледувале нарачките на владата - рече директорот на Центарот на јавна интеграција во Вашингтон Чарлс Луис, кој во четвртокот ја претстави студијата за тоа како донациите на Буш им се исплаќаат на американските фирми . Самото ова покажува колку системот е погоден за расфрлување пари , измами и непотизам. Фактот што налозите - како што имено е вообичаено - не се издаваат официјално, властите го оправдуваат со едноставен аргумент; Распишување на јавен тендер би одзело премногу време.

Резултатите на студијата, која испитуваше повеќе од седумдесет американски фирми и поединечни лица се алармантни: Имено претпријатијата кои земаат удел во повторната изградаба на Ирак и Авганистан се оние кои ја поддржувале предизборната кампања на американскиот претседател Џорџ Буш.

Десетте најважни извршувачи на работите во двете земји веќе од 1990 донирале 11 милиони долари на партиите, комисиите и кандидатите. Поголемоиот дел од парите се влеале во касата на патртијата на Бушовите републиканци.

Не чуди ни фактот што членовите на управите на претпријатијата, кои добивале лукративни налози , негувале тесни врски со политичарите и војската. За предизборната кампања на Буш во 2000 издвоиле повеќе од 500.000 долари , а тоа е повеќе отколку што е донирано за било кој друг политичар во изминатите 12 години.

Добрите односи се исплатуваат: Повеќето од десетте големи налози за Ирак и Авганистан според студијата ги добиле претпријатијата во кои се вработени поранешни високи службеници на владата или пак управите на претпријатијата имаат тесни врски со членови на конгресот.

На пример: Најголемиот налог во вредност од 2,3 милијарди долари го фоби фирмата Халибартон, сестринско претпријатие на КБР, која треба да даделогистичка поддршка на америкаснките оружени сили при обновата на ирачката нафтена индустрија. До 2000 година шеф на претпријатието беше сегашниот американски вицепретседател Дик Чејни.

Неговиот наследник актуелниот шеф на Халибартон, Дејв Лесар се навреди од критиките. Очигледно е дека станува збор помалку за фирмата Халибартон, а повеќе за надворешните политички сосотјби рече тој .