1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Дон Кихот“ слави 400 години

18 јануари 2005

Шпанскиот писател Мигел де Сервантес, современик на Шекспир, во 1605 година го објави првиот дел на неговиот “Дон Кихот“, затоа оваа 2005 година ќе биде година на Сервантес. Повеќе од илјадата печатени страници на книгата преведена на околу 70 јазици под наслов “Животот и делата на остроумниот благородник Дон Кихот од Ла Манча“ има библски димензии.

https://p.dw.com/p/AeV0
Дон Кихот од Ла Манча слави 400 години
Дон Кихот од Ла Манча слави 400 години

Поради должината овој шпански еп е славен, но малку читан. Дали тоа ќе се промени по повод одбележувањето на 400 годишнината? Или и во иднина најчесто ќе се спомнува само лозунгот “Борба против ветерници“?

“Во едно село на Ла Манча на чие име не можам да се сетам, живееше еден благородник кој имаше копје и стар штит, еден исушен стар коњ и едно ловџиско куче“.

Вака Мигел де Сервантес го започанува својот Дон Кихот, книга што како малку која друга беше крунисана со успех и преведна на безброј јазици и до денес ја краси светска слава.

“Приказната на еден човек кој беше ’откачен’ зашто беше прочитал премногу книги за витези и го повлече и својот потчинет Санчо Панса за да доживеат многу авантури“.

Ова го кажува еден ученик како од пушка, иако никогаш не го прочитал ова дело. Така и мнозинството Шпанци:

“Многу сум слушала за Дон Кихот, но никогаш не сум го читала. Годинава ќе го направам тоа. Тоа е задолжително“.

Книги, изложби и конгреси – никнат како перчурки во Шпанија и во светот, во годината на јубилејот на Дон Кихот.

Дон Кихот, јава и се расправа за честа и доблеста на Дулчинеа, дамата на неговото срце. Но, таа постои само во неговата фантазија, а честа и доблеста за современиците на Дон Кихот се туѓи зборови, па така витезот постојано страда.

Мигел де Сервантес сакаше да напише сатира, а му успеа да ја соопшти духовната слика на една цела епоха, стара веќе 400 години, и тешка, како што вели една читателка, тешка за читање:

“Не може да се совлада од прва. Почнуваш, се откажуваш, па повторно. Сепак ја прочитав“.

Тешко зашто јазикот и постапката во кингата се движат по сложени патишта. Но, токму во тоа е шармот и книжевната вредност на “Дон Кихот“, смета писателот Маро Варгас Љоса за кого делото и по 400 години не е застарено:

“Постапката, силата на карактерите, анегдотите и епизодите, богатството на јазикот, тој сочен, жив шпански, суптилната техника, комплексната градба и модерноста“.

Значи дело, богато и шаренолико како и животот на авторот. Сервантес во една поморска битка против Турците бил ранет, пет години бил во алжирски затвор, а давапти поради долгови зад решетки и во Шпанија. Но, додека крајот на животот му беше крунисан со книжевна слава, Дон Кихот останува трагичен јунак. Никаво чудо: тој се бори дури и против ветерници.

Еден одушевен читател вели:

“Малку од тоа лудило би ни било добродојдено на сите. Толку сме стиснати и систематизирани, а би требало да погледаме што всушност е животот“.

Така и натаму јаваат – Дон Кихот и Санчо Панса.