1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Допинг скандал на Светското првенство за жени

7 јули 2011

Две репрезентативки на Северна Кореја не го минаа допинг тестот пред мечот против Колумбија. Се очекува целата репрезентација на Северна Кореја да оди на тест.

https://p.dw.com/p/11qgk
Репрезентацијата на Северна КорејаФотографија: picture-alliance/dpa

Две фудбалерки на репрезентацијата на Северна Кореја биле позитивни на допинг тест, соопшти организаторот на Светското првенство во фудбал за жени кое се одржува во Германија.

Откако биле утврдени недозовлени сустанци кај репрезентативките Сонг Јонг Сун и Јонг Пок Сим, тие биле отстранети до тимот, пред натпреварот против Колумбија. По натпреварот беше извршен допинг тест кај целата репрезентација. Ова е единствен случај во историјата на Светските првенства, меѓутоа правилата пропишуваат, доколку во една репрезентација има две позитивни проби, неопходна е допинг котрола на целиот тим.

Автор: АТ/дв

Редактор: Горан Чутаноски