1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дополнителни милијарди во државната каса на Германија

Матијас Белингер/ Александра Трајковска1 ноември 2012

Во државната каса на Германија годинава ќе се слеат повеќе пари од данок од очекуваното. Наредните години меѓутоа се очекува промена на ваквиот тренд.

https://p.dw.com/p/16awK
Фотографија: dapd

Во последните децении германските министри за финансии ретко имаа да објават добри вести. Исто така и актуелниот мкинистер Волфганг Шојбле мандатот го започна со „рекордно ново задолжување“ - во 2010 година Германија подигна дури 80 милијарди евра нови кредити. Сега меѓутоа министерот, втора година последователно објавува „позитивен развој“, имено рекорди приходи од даноците. 

Приходите од даноците во Германија имено годинава ќе бидат повисоки и од веќе оптмистичките најави од пролетната прогноза. „Ова потврдува дека се наоѓаме на курс на консолидација, кој позитивно се одразува врз порастот“, изјави министерот за финансии Шојбле вчера во Берлин. Тој меѓутоа не очекува дека овој развој ќе се одржи. „Развојот на прходите од даноците се должи на целокупниот стопански развој, а знаеме дека има извесно заладување на економскиот развој“.

Сојузот, покраините и комуните оваа година ќе имаат приходи од 602 милијарди евра, скоро шест милијарди повеќе отколку што досега се очекуваше. И покрај ова новите задолжување нема да се намалат поради префрлањето на средства во Европскиот механизам за стабилност како и дополнителните средства за нови градинки. Износот на новите задолжувања останува, според планираното, 28 милијарди евра.

Сепак Германија веќе идната 2013 година ќе може да ги намали новите задолжувања под границата од 0,35 проценти од БДП и на тој начин да ја активира „кочницата за долговите“, ограничување на новите задолжувања утвредени во уставот, три години порано од планираното, изјави Шојбле. Предуслов за тоа според министерот е земјата „да остане стриктно на курсот на штедење“.

Причина за зголемените приходи од даноците се ниската невработеност и умерените покачувања на платите, изјави Шојбле. „Економското опоравување стигнува до граѓаните“. Германија, која и покрај кризата со еврото досега има добри економски параметрни би можела и натаму да биде „сидро за стабилност и економска локомовита на Европа“, уверен е министерот.