1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дорис Пак: Белград самиот ќе биде виновен ако не добие датум за преговори

АМ/бета31 март 2013

Пратеничката во Европскиот парламент Дорис Пак изјави дека Србија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, доколку Белград „правилно ги протолкува знаците за времето“.

https://p.dw.com/p/187P6
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Кога Белград правилно ќе ги протолкува знаците за времето и соодветно на тоа ќе почне да делува, тогаш ќе дојде и до датумот за почеток на преговори со ЕУ. Ако тоа не го направи, ние нема да бидеме одговорни за тоа одолговлекување, туку исклучително власта во Белград. Тогаш почетокот на пристапните преговори повторно ќе се развлече“, изјави европратеничката Дорис Пак во интервју за денешниот новосадски весник „Дневник“.

Според нејзините зборови, подготовките за членство не мораат нужно да се поклопат со датумот за почеток на преговорите.

„Белград веќе ги доби од Хрватска преводите на законодавството на ЕУ, па зошто уште не се работи на нужните законски промени“, се запрашува германската европратеничка.

Таа оцени дека во преговорите и Белград и Приштина очекуваат дека ЕУ ќе изврши повеќе притисок на „оној другиот“, отколку што се подготвени на терен да ја покажат приврзаноста со решенијата кои веќе однапред вклучуваат интереси на другата страна во секојдневниот живот.

„Можам само да се надевам дека ќе биде сфатена сериозноста на ситуацијата и дека ќе се дојде до договор, посебно што во последните месеци имаше повеќе поместувања отколку во годините претходно“, изјави Пак, оценувајќи дека планот на Ахтисари е задоволувачки темел за решавање на проблемите.