1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дортмунд сигурен на врвот, Бајерн го губи чекорот

8 ноември 2010

Во стилот на кандидат за титулата Борусија Дортмунд со резултат од 4:0 против Хановер, се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата. Серијата на Бајерн беше прекината во Менхенгладбах.

https://p.dw.com/p/Q1jA
Од натпреварот Хановер 96-Борусија ДортмундФотографија: dapd

Борусија Дортмунд очигледно успешно го надмина нерешениот резултат од 0:0 во Европа лигата, во Париз. Во 11-тото коло од Бундеслигата, тимот на тренерот Јирген Клоп ја славеше својата 9-та победа. Навивачите на Дортмунд по резултатот од 4:0 против Хановер со песна: „Германски шампион ќе биде само Борусија Дортмунд“. По натпреварот голманот Роман Вајденфелер изјави: „Да, се разбира дека тоа е сон на фановите. Да не е така, би било глупаво. Ние едноставно се обидувавме во секој натпревар да дадеме максимум, и очекуваме резултати.“

Покрај тоа што го загуби натпреварот, Хановер остана и без играчот од одбраната Карим Хагуи, кој доби црвен картон.

Бајер Леверкузен го победи Кајзерслаутен со 3:1. Најдобар стрелец беше играчот Сиднеј Сем, кој постигна два гола за неговиот клуб: „Знам дека навивачите се‘ уште ме сакаат. Тие не ме исвиркаа. Не знам како да го опишам тоа. Дадов два прекрасни гола против мојот поранешен клуб. Освоивме три бода и сите сме среќни.“

Штутгарт ја надминува кризата

Штутгарт постигна инзвонредни 6:0 против Вердер Бремен и побегна од дното на табелата. Сепак играчот од средниот ред, Кристијан Гентнер предупредува: „Се‘ уште сме многу назад. Мора да се трудиме и понатаму, а денес направивме уште еден чекор напред. Ние веќе имавме убедлива победа против Менхенгладбах. Се надевам дека клубот ја надмина кризата и научи нешто од тоа.“

За тренерот Јенс Келер ова е веќе петта победа во 7 -от натпревар. Тоа значи дека смената на тренерот во тимот се исплатеше.

Во саботата вториот клуб на табелата Мајнц загуби со 0:1 против Фрајбург. Папис Сисе од Фрајбург од пенал го постигна неговиот деветти гол во сезоната. Поуспешен е само Теофанис Гекас од Франкфурт, кој постигна два гола против Волфсбург, во победата за неговиот тим од 3:1, и со тоа има 11 постигнати погодоци.

Die Deutsche Nationalmannschaft in Portugal Abwehrspieler Philipp Lahm
Филип ЛамФотографија: dpa

Натпреварот помеѓу Бајерн Минхен и Борусија Менхенгладбах заврши нерешено 3:3. Капитенот на германската репрезентација Филип Лам во 84-тата минута го постигна третиот гол за Бајерн, спасувајки го тимот од пораз. Првиот гол за Бајерн Минхен го постигна Марио Гомез, но тоа не го израдува многу: „Сакавме да победима по секоја цена. Првото полувреме одигравме фантастично, но во второто поради индивидуални грешки ја загубивме контролата врз играта.“

Конечно победа за Шалке на домешен терен

Хамбург победи со 2:1 против Хофенхајм, а Келн загуби со 3:1 од Нинберг. Шалке во петокот со 3:0 ја извојува првата победа на домешен терен во сезоната, против Сент Паули. Шпанската фудбалска икона Раул постигна два гола.

Во Ф1 неизвесно до последен момент

Sebastian Vettel Großer Preis von Brasilien Formel 1
Себастијан ФетелФотографија: AP

Во Формула 1 трката за големата награда на Бразил, возачите на тимот на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер остварија еден - два победа, со што тимот освои недостижни 469 поени, 48 повеќе во однос на Мекларен на една трка до крајот на сезоната. Трет заврши возачот на Ферари, Фернандо Алонсо, кој води во генералниот пласман со 246 бодови, 8 повеќе од Вебер, додека Фетел по победата заостанува 15 бодови. На четвртата и петтата позиција завршија Луис Хамилтон и Џенсон Батон. На шестото и седмото место се пласираа возачите на Мерцедес ГП, Нико Розберг и Михаел Шумахер, осми заврши возачот кој ја имаше пол позицијата Нико Хулкенберг, а бодови освија Роберт Кубица кој заврши деветти и возачот на Заубер, Камуи Кобајаши на десеттото место. Во трка за шампионската титула се Алонсо, Вебер и Фетел, а теоретски шанси има и Луис Хамилтон. Финалето ќе се вози следната недела во Абу Даби.

Автор: Тобијас Ојелмаер/Владимир Калински

Редактор: Жана Ацеска