1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доселувањето е потребно

29 март 2004

Хамбуршкиот институт за проучување на економијата во наредните години тежиштето на својта работа ќе и го стави врз темата миграција. Научниците од овој институт ја критикуваат актуелната дебата за законот за доселување во Германија. Во споредба токму со САД не се покажува модерно сфаќање за доселувањето, сметаат тие.

https://p.dw.com/p/AeRl

Претседателот на институтот е разочаран. Она што сега се појавува во Берлин како компромисен предлог за Томас Штраубхар веќе не е закон за доселување, туку само закон за интеграција. Тој критикува пред се што коалицијата и опозицијата очигледно сакаат да се откажат да постават стапка на доселување и можните доселеници да ги избираат само според ситем на поени. А, само таков систем би овозможил флексибилно доселување според потребите на економијата:

“Во кус рок во одделни сектори, во одделни региони, за одделни професии или недостиг на стручањци доселувањето може многу бргу да помогне да се затворат дупките. За стопанството во целост тоа е можност да донесе персонал што недостига“.

Бидејќи за овие предности во Германија сите се единствени, сегашната дебата во Берлин е само израз на партиско-политички тактики, вели Штраубхар. Кон тоа припаѓа и обидот на ЦДУ у ЦСУ прашањето на доселувањето да го поврзат со безбедносно-политички аспекти. Оттаму, Штраубхар со завист гледа кон САД. Дури и по 11 септември темата доселување таму се разгледува исклучиво од економски аспект, известува експертот за миграции Филип Мартин од универзитетот Дејвис кај Сакраменто. Американското стопанство инвестира многу пари и енергија да ја зголеми стапката на доселување:

“Вкупно, бизнис круговите кај нас беа и сега се за доселување. И тоа е поделено: високо- технолошката индустрија е за Индусите, земјоделството за Мексиканците. Но, сите се за повеќе доселување, а не обратно“.

Контролираното доселување нема да ги загрози стопанските и социјалните столбови, но не може да биде ниту единствено средство против престареноста на населението, вели Штаубхар:

“Ако сакаме да го решиме овој проблем со доселување, секоја година мораат да доаѓат големи маси луѓе со соодветна старосна структура. Тоа сосема ќе го намали населението во Германија, а уделот на странците ќе достигне до една третина. Политички мислам дека тоа е неодржливо. Доселувањето може да го намали проблемот на демографското стареење како премин, но не и да го реши“.

Штаубхар е убеден дека оној што ќе се откаже од флексибилното водење на доселувањето на стопанството му одзема битни творечки можности.