1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доста со покажување мускули

1 март 2007

Во наредниот период како што е познато САД планираат дури двапати да седнат на заедничка маса со претставници на Иран и на Сирија , со цел да поттикне процесот за стабилизација на Ирак. Дали ова значи промена на курсот на Вашингтон кога станува збор за односите со двете држави соседи на Ирак кои веќе подолго време ги обвинува дека подржуваат терористички групи и ги снабдуваат со оружје бунтовниците во Ира

https://p.dw.com/p/Adsu
Дамаск
Дамаск

� .

На почетокот од март треба да се одржи првата Конференција за Ирак на која ќе учествуваат соседните земји , петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и меѓународните организации . Тоа ќе биде средба на работни групи , која меѓу другото треба да ја подгоптви и втората конференција . што е планирано да се одржи во април . На неа треба да присуствуваат министрите на надворешни работи она овие земји .

„ Соседите на Ирак , како и меѓународната заедница имаат јасна улога кога станува збор за поттикнување на напорите на ирачката влада за воспоставување мир и национално помирување во земјата .

Разговорите , вели американската министерка за надворешни работи ќе се одржат на иницијатива на ирачката влада . Тоа меѓутоа не е една сосема нова идеја – истакна државната секретарка за време на едно сослушување во Сенатот :

„ За да се успее во Ирак неопходна е позитивна подршка од соседите на Ирал . Тоа е главен заклучок на независната група за Ирак“- истакна тогаш Рајс . Оваа експертска група , позната и под името Бејкер Хамилтон комисија , во декември предложи , сите соседи на Ирак да бидат вклучени во потрагата по решение за конфликтот . Предложено беше одржување на тркалезна маса , но претседателот Џорџ Буш го отфрли предлогот . Тој не сакаше да седне на иста маса со претставници на Сирија и Иран .

Американската влада во минатото постојано ја обвинуваше Сирија дека ги подржува терористичките групи. Иран пак е обвинет дека ги снабдува со оружје бунтовниците во Ирак

Американското учество на претстојните разговори , американската влада не сака да биде сфатено какао промена на курсот , дури и ако не се исклучени неформални разгвоори меѓу претставници на САД од една на Сирија и Иран од другастрана и маргините на конференциите. Притоа меѓутоа би се разговарало само за Ирак а не за иранската атомска програма

Условите за разговори околу оваа жешка тема не се изменети . САД имено бараат запирање на збогатувањето ураниум во Иран . Опозиционите демократи пак најавата на владата на Буш за учество на иста конференција со Сирија и Иран , ја оценуваат како прв чекор во позитивна насока. Но тоа не е доволно и како и досега и натаму постои недоверба– истакнува демократската сенаторка Пети Мареј:

„Чекаме , дали ќе заврши со покажувањето мускули и ќе работи на тоа да се пронајде регионално решение“