1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Достоинство“ бара зачувување на достинството

17 мај 2009

Здружението на безбедносни сили „Достоинство“ им даде рок на македонската влада и на пратениците, во рок од еден месец, да понудат закон со кој ќе ги регулираат правата на бранителите од конфликтот во 2001 година.

https://p.dw.com/p/Hs94
Припадник на македонските безбедносни сили во Тетово, во март 2001 годинаФотографија: AP

И по осум години од конфликтот во Македонија во 2001 година, воените инвалиди ги носат траумите на војната, а сега, како што велат, уште поголеми трауми имаат од фактот дека не се разбрани и се останати без поддршка од државата, на која безусловно и‘ излегоа во пресрет кога тоа од нив беше побарано.

Полицискиот генерал, Стојанче Ангелов, прв човек на „Достоинство“ вели дека 14-те илјади членови на здружението ќе чекаат еден месец за владата или пратениците да им излезат пресрет на нивните барања за поголеми права, пред се‘ во социјалната сфера: „Бидејќи најдоа забелешки на нашиот текст на предлог закон, одлучивме од нив да побараме самите да изработат нивна верзија на предлог закон и да го изгласаат. Во еден момент, премиерот Груевски кажа дека ни‘ бил понуден хрватскиот модел на закон за бранители, што не е точно. Премиерот во таа своја изјава рече дека владата стои на таквата понуда и затоа ние од нејзе побаравме да го прилагоди хрватскиот модел на закон за бранители на македонски услови и тој да биде даден во Собранието.“

Пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов е подготвен да се појави како подносител на овој закон.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска