1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Достоинство и правда за сите

Хеле Јепесен10 декември 2007

Дури следната,2008 година,општата декларација за човековите права ќе одбележи 60 години од усвојувањето,но уште сега,на 59 роденден,ОН со едногодишна кампања сакаат да го свртат вниманието во светот на оваа тема.

https://p.dw.com/p/CZZI
Лого на Интернационалното друштво за човекови права

Сите луѓе се слободни и родени со исти права и достоинство.Кога на 10 декември 1948 година Генералното собрание на ОН ја донесе општата декларација за човекови права,беше роден идеалот кој ни до денес не е достигнат,но е признат од сите членки на ОН како основа за постоењето на заедницата на народите.

Уште сме далеку од целта,иако сме чекор поблиску кон неа.Кога беше усвоена декларацијата со која почитувањето на човековите права беше прогласено за основа за членство во ОН,тоа истовремено стана задолжително да биде внесено во уставите на одделните земји.И во оние,каде е докажано дека достоинството е недопирливо,но и во оние,каде прашањето за правото на власт,пари и слободена волја е поврзано со правосудство кое не е независно.

Обврската на државите кон граѓаните е истовремено и легитимација за многу луѓе,кои насекаде по земјината топка ги застапуваат правата на човекот.Кога се води битка за рамноправноста меѓу мажите и жените,кога се бара правото на образование,кога се протестира против самоволно однесување и мачења,тогаш активистите се повикуваат на универзанла основа:општата декларација за човековите права.

На обидите на одделни држави и интересни групи да ја стават под прашање универзалноста на човековите права преку културолошките отстапувања,мора да им се застане на патот.

Зашто,на светот му требаат заеднички ориентирања и идеали.Во денешниот гобализиран свет дури и многу повеќе од порано.

Сите луѓе се слободни и родени со еднакви права и достоинство.Оваа основа не изгуби на значење до денес.


►◄