1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче банк бележи загуби

АТ/ дапд/ дпа/ ртр31 јануари 2013

Катастрофален годишен биланс на најголемата германска банка. Дојче банк оствари пад на годишната добивка за повеќе милијарди евра. Во последниот квартал на 2012 банката влезе во зоната на загуби.

https://p.dw.com/p/17Uyz
The headquarter of Deutsche Bank is photographed in Frankfurt, Germany, Tuesday, July 31, 2012, as the Bank announces to cut 1,900 jobs. (Foto:Michael Probst/AP/dapd)
Deutsche Bank Hauptsitz FrankfurtФотографија: AP

Дојче банк на крајот на годината бележи црвени бројки. Банката во Франкфурт на Мајна соопшти дека загубата пред оданочувањето во последниот квартал на годината изнесува 2,6 милијариди евра, додека по оданочувањето 2,2 милијарди ервра.

Една година претходно во последниот квартал Дојче Банка имаше добивка од 200 милиони евра по оданочувањето. Најголемиот банкарски институт во Германија измината 2012 година сепак забележа добивка од 700 милиони евра. Тоа се 3,6 милијарди евра помалку отколку пред една година.

Експертите очекуваа минус. Меѓутоа дека загубите ќе бидат толку високи не се очекуваше. Како причина се наведуваат трошоците околу правните спрови на банката. Еден од нив е и процесот со наследничката на медиумскиот магнат Лео Кирх, кој Дојче банк го загуби минатиот декември.

Двајцата шефови на Управниот одбор на банката Аншу Џејн и Јирген Фичен затоа уште во декември предупредија од вонредни оптоварувања на крајот на годината. Освен ова банката претрпе загуби и секторот на инвестмент банкарството и со управувањето на приватниот капитал.

Џејн и Фичен во моментов спроведуваат реформи во Дојче банк. За акционерите меѓутоа засега нема промени, дивидендата за мината година ќе остане непроменета, 75 центи за акција.