1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До каде е истрагата за трговијата со органи на Косово?

8 февруари 2012

Советот за безбедност на ОН ја разгледува ситуацијата на Косово. Меѓудругото ќе се говори и за работата на специјалниот тим за истрага на наводите за трговија со органи на Косово.

https://p.dw.com/p/13zJy
Советот за безбедност на ОНФотографија: picture-alliance/dpa

Советот за безбедност на ОН денеска во рамките на разговорите за Косово ќе биде информиран за почетокот на работата на Специјалниот истражен тим и за именувањето на главниот обвинител на тимот, Џон Клинт Вилијамсон. Во Брисел ја нагласуваат посебната важност на ветувањата за целосна соработка со истрагата, која за време на својата прва официјална посета на регионот , Вилијамсон ја доби од претседателот на Србија, Борис Тадиќ, претседателката на Косово, Атифете Јахјага како и албанскиот премиер Сали Бериша.

„За сега сме многу задоволни од соработката која ни е ветена од страна на Белград, Приштина и Тирана. Тука немаме забелешки. Конкретни оперативни детали не можеме да изнесуваме поради безбедноста на сите вклучени во процесот“, вели за ДВ, портпаролот на Специјалниот истражен тим, Јури Лас.

„Медикус“ и извештајот на Дик Марти - два одвоени процеси

Во Брисел велат дека Специјалниот тим за истрага на наводите за трговија со органи на Косово и во Албанија во моментов е во процес на обезбедување информации од низа официјални институции и извори и оти тие информации се анализираат, но и оти се спроведуваа и сопствени истражни дејствија.

Dick Marty, Abgeordneter des Europarats, in Straßburg
Дик МартиФотографија: picture alliance/dpa

„Тоа истотака вклучува и контакти со известувачот на Советот на Европа, Дик Марти кој ги изнесе наводите“, потврди Лас.

По повод информациите дека руското обвинителство, кое води посебна истрага за наводната трговија со човечки органи во болницата „Медикус“ на Косово, дошло до податоци во кои сегашниот косовски премиер Хашим Тачи се споменува како организатор на трговијата со органи на Косово, портпаролот Лас објаснува: „Тука доаѓа до забуна. Постојат два случаи. Првиот е случајот „Медикус“, кој се однесува на случувањата меѓу 2006. и 2008. година. Тој случај во моментов се процесуира во Приштина и го води обвинител од ЕУЛЕКС. Специјалниот истражен тим не сака да го коментира тој процес кој е во тек. нашата истрага се однесува на претходни случувања  кои се во фокусот на извештајот на Советот на Европа и на Дик Марти“.

Поблиску до решение за заштита на сведоците?

Во извештајот на Дик Марти, од декември 2010. година, покрај наводите за нелегална трговија со човечки органи за време и непосредно по крајот на војната на Косово, како една од најважните и најпроблематични работи се наведува и заштитата на сведоци во тие случаи.

Во Специјалниот истражен тим по тој повод велат: Една од причините , поради која дел од истражниот тем се наоѓа во Брисел е за да се обезбеди доверливост и сигурност на тој процес, поради неговите специфично чувствителни прашања“. Јури Лас додава дека наредните недели може да се очекува нова посета на главниот обвинител на Специјалниот тим Вилијамсон на Белград. 

Автор: Марина Максимовиќ/ СН

Редактор: Борис Георгиевски