1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДПА „му раскина“ на СДСМ

ЕМФ/миа27 октомври 2012

Централното претседателство на ДПА на синоќешната (26.10) седница во партиското седиште во Тетово го поништи техничкиот договор со СДСМ за соработка на претстојните локални избори, потврдуваат денеска од партијата.

https://p.dw.com/p/16Y2i
Фотографија: DW

Според претседателот на ДПА Мендух Тачи, до поништувањето на договорот со СДСМ доаѓа поради нивниот однос со проблематизирањето на поддршката на СДСМ за кандидатот на ДПА за Струга.

„Техничкиот договор беше многу точен и конкретен. Тие се обврзаа да ги поддржат кандидатите на ДПА во општините каде Албанците се мнозинство, а ние се обврзавме да ги подржиме нивните кандидати во општините со мнозинско македонско население. Нивните вчерашни изјави дека тие би сакале да разговараат за сите општини во Македонија, вклучително и за Кичево, ги сметам за тотално несериозни. Ако би бил несериозен како нив, би ги прашал дали се сложуваат за Штип или Струмица кандидатот да го има ДПА. Оваа работа е дефинитивна и веќе нема да има ни разговори ни преговори“, изјави Тачи.

Лидерот на ДПА најави дека нема да коалицираат со партиите на Руфи Османи и Имер Селмани и оти на локалните избори ќе одат самостојно.

„Мислам дека тие се многу поблиску до соработка со СДСМ. Се повторува 2011. година кога Црвенковски го сметаше Селмани за многу сериозен политички чинител и го носеше на лидерски средби и други состаноци“, рече Тачи.

На синоќешната седница централното претседателство на ДПА го избра актуелниот пратеник и секретар за организирање Беким Фазлиу како шеф на изборниот штаб на партијата за претстојните локални избори.