1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДПА се враќа во владата

24 март 2008

По постигнатиот договор со премиерот Никола Груевски за формирање работни групи за решавање на клучните политички барања, ДПА најави дека сепак ќе остане во македонската влада

https://p.dw.com/p/DTR7
Мендух Тачи ги „пеглаше“ разликите со ГруевскиФотографија: Petar Stojanovski

Демократската партија на Албанците на седницата на партиските органи реши да се врати во владата на премиерот Никола Груевски. Претходно тој имаше средба со лидерот на оваа партија, Мендух Тачи околу поднесените барања, кои беа услов за останување на ДПА во кабинетот.