1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматични часови во Луксембург околу преговорите Турција – ЕУ

3 октомври 2005

Во големата кавга околу рамковните услови за почеток на преговорите за прием на Турција во ЕУ, сепак има надеж за постигнување компромисно решение.

https://p.dw.com/p/AcCI
Австриската министерка за надворешни работи Урсула Плашник
Австриската министерка за надворешни работи Урсула ПлашникФотографија: AP

Портпарол на британското Министерство за надворешни работи соопшти од седницата на ЕУ министрите во Лукемсбург дека е постигнат реален напредок во преговорите. Сепак, церемонијата на почетокот на преговорите што беше закажаната за 17 часот мора да биде временски поместена.

Само едно е сигурно попладнево во Луксембург – дека официјалниот почеток на преговорите за прием на Турција во ЕУ е одложен. Нов термин на место оној во 17 часот по средноевропско време за сега не е закажан.

Од дипломатски кругови се дознава дека австриската министерка за надворешни работи по преговарачкиот маратон кој траеше до доцна синоќа и беше продолжен утринава, сигнализирала готовност во конечниот текст на рамковните услови за преговори со Турција сепак да прифати да стои зборот членство. До сега таа бараше внесување на привилегираното партнерство во документот. Сега, доколку остане зборот членство како можна цел на преговорите, официјална Виена бара јасни формулации, со кои како услов за зачленување на Турција во европското семејство ќе биде поставено не само исполнувањето на сите европски стандарди од страна на Турција, туку и способноста на Унијата да прими нови членки. Со тоа Унијата би ја задржала отворена и опцијата да не ја прими Турција, дури и ако ги исполни сите поставени услови. Плашник и претходно аплираше на прибраност во чуватвителната фаза на преговорите.

„Сите ние не смееме да ја загубиме надежта, но исто така сите мораме да покажеме и готовност на компромиси во оваа особено напната и тешка ситуација. Потребна ни е и студена глава и свест за одговорност. Во таа насока апелирам до сите нас„ – нагласи Плашник.

Актуелниот претседавач со министерскиот совет, Британецот Џек Стро, манифестираше голема фрустрација поради блокадата од страна на Австрија. Денеска почладне пак оцени дека преговорите и понатаму се тешки. Доколку сепак биде постигната согласност меѓу министрите за надворешни работи, тогаш и шефот на турската дипломатија, секако по проверката на европскиот предлог документ, би можел да допатува во Луксембург.