1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драма пред турскиот брег

ЖА/афп6 септември 2012

При потонувањето на брод со бегалци пред западнотурскиот брег загинале десетици луѓе. Бројот на жртвите може да расте, зашто уште 15 лица се водат за исчезнати, велат локалните власти.

https://p.dw.com/p/164N5
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Најмалку 39 луѓе загинаа откако брод со над 100 илегални имигранти денескa (06.09) потона во Егејско Море во близина на градот Мендерес, во турската провинција Измир.

Заменикот гувернер на провинцијата Измир, Ардахан Тотук, за агенцијата Анадолу изјави дека се откриени 39 тела. Се‘ уште се трага по останатите патници на бродот, кој се насукал на карпа и се превртил. Бродот потоа потонал на околу еден километар оддалеченост од брегот. Меѓу пронајдените жртви има жени и деца, изјави Тотук. Капетанот, неговиот помошник и 43 патници успеале да се спасат. Според извештај на Си-Ен-Ен на бродот имало 102 патници. Најголем дел од нив се државјани на Сирија и на Ирак. Целта на бродот не е позната, но на потегот на кој се наоѓал, меѓу Турција и Грција, обично пловат бродови со мигранти кои сакаат да стигнат до ЕУ. Според првите изјави на спасените, тие сакале да стигнат до Велика Британија.