1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Древс: Состојбата на Косово воопшто не е стабилна

ЕМФ/дапд/дпа21 јули 2012

Состојбата на Косово, според зборовите на командантот на трупите на НАТО, Ердхард Древс, во моментов „воопшто не е стабилна“.

https://p.dw.com/p/15cnh
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ерхард Древс за денешното (21.07) издание на „Нордвест Цајтунг“ вели дека „и помали инциденти во спиралата на провокации и реакции во моментов би можеле да се претворат во судири од широки размери“.

Според командантот на КФОР, редукција на трупите, кои бројат 5.700 воjници, не се наѕира. „Планирање според календар нема смисол. Потребно е решение на конфликтот, а дури потоа може да има редукција“, констатира Древс. Тој ги предупредува Германците да не го насочуваат погледот и вниманието само кон мисијата во Авганистан. „Косовскиот конлфикт е директно пред нашата врата“, вели тој и потсетува на бегалските бранови од 1990-тите години.

Германецот Ерхард Древс е командант на КФОР од септември минатата година. Германскиот контингент во рамките на силите на НАТО на Косово е најголем и брои 900 војници.