1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Државниците пристигнуваат, демонстрантите ќе ги блокираат патиштата

6 јуни 2007

Пристапните патипшта кон аеродромот ќе бидат блокирани со седење

https://p.dw.com/p/Aofu
Фотографија: AP

Денеска, кога ќе пристигнат другите државници – учесници на самитот, полицијата очекува блокади со седење на патиштата што водат кон аеродромот. “Беше најавено дека ќе има блокади на начин каков досега во Германија немало. Ќе видиме што ќе се случи” – рече Аксел Фалкенберг, претставник на полицијата. Полицијата, по две опомени, ќе ги отстранува учесниците што нема самите да се повлечат.

Со посредство на црквата, се одржа повеќечасовна средба на претставници на полицијата и на организаторите на протестите. “Нашето решавачко НЕ сакаме да дојде до израз со тоа што со нашите сопствени тела сакаме да и’ се препречиме на патот на една разорувачка политика. Тој акционен концепт изрично предвидува полицијата да не ја сметаме за наш противник и на евентуално насилство од нејзина страна да не одговриме со насилство” – рече Кристоф Клајне, претставник на демонстрантите.

Полицијата, инаку, се жали дека демонстрантите во саботата користеле и хемиски средства и чадни бомби, па оттаму и големиот број од 433 повредени нејзини припадници.

Радикалните групи во три кампови се подготвуваат за натамошни акции. Полицијата ги повика мирните учесници во протестите да се дистанцираат од насилниците, но се чини дека нема намера да прави рации во камповите.