1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ го гради ставот за судските реформи, ДПА обвинува

Свето Тоевски23 септември 2007

ДУИ го одложува донесувањето одлука за согласност за докомлетирање на Судскиот совет. Партијата бара да се применува т.н. мајски договор. ДПА обвинува дека интегративците ги кочат реформите.

https://p.dw.com/p/BiiG
Али АхметиФотографија: Petar Stojanovski

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција наспроти најавите дека на седница овој викенд ќе го формулира ставот во врска со последните предлози за составот на републичкиот Судски совет, сеуште не се изјаснува и заседавањето го одложува за наредните денови.

ДУИ веќе во овој момент поставува услов за својата согласност за доколмплетирање на Судскиот совет, а тоа е конкретна примена на т.н. мајски договор.

Во меѓувреме лидерот на ДПА, Мендух Тачи обвинува дека интегративците ги кочат судските и другите реформи во Македонија.