1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ и ДПА – соработка или конфронтација?

Свето Тоевски15 септември 2006

Конфронтациите меѓу ДПА, која ќе ја практицира централната власт како владин партнер и ДУИ, која ја има локалната власт во 14 општини во северозападниот дел на Македонија, ќе се заоструваат на штета на граѓаните. Политичките турбуленции поради нивната несоработка, можат да го нарушат и стабилното функционирање на самата владеачка коалиција. Ова се дел од поважните оценки, кои за Доје Веле ги изнесува

https://p.dw.com/p/AdcJ
Тетово
ТетовоФотографија: AP

ат политичките експерти и аналитирачи од албанскиот кампус, во врска со претстојните односи меѓу двете ривалски партии на Албанците во Македонија.

Професорот по уставно право од тетовскиот државен универзитет, Осман Кадриу, смета дека несоработката меѓу ДУИ и ДПА ќе има повремен негативен одраз и врз политичката стабилност на владината коалиција. Тој навистина не очекува опструкции и блокади во општините чии градоначалници се од ДУИ, од едноставна причина што двете партии сепак ќе мора да бидат “доволно свесни дека граѓаните Албанци секако ќе им стават санкции во случај ако бидат запоставени нивните животни интереси и потреби“:

“Граѓаните многу добро ќе знаат во секој миг, а особено кога се во прашање изборите – локални,парламентарни,претседателски. Тие многу добро знаат да ги оценат состојбите и врз основа на нивната оценка ќе биде и нивната определба. “

Имер Исмаили, политиколог од Штуловиот универзитет во Тетово смета дека ќе се заострува судирот меѓу ДУИ и ДПА до тој степен, што нема да има речиси никаква кохабитација меѓу нив во практикувањето на централната и локалната власт. Основната компонента во нивната меѓусебна корелација ќе биде “меѓупартиското одмаздување, од кое ќе трпат граѓаните“. Исмаили додава:

“Сега засега, како што изгледа, за жал тие немаат никакви односи. Имајќи предвид дека и онака има многу недоречености, околу функционирањето на власта на ниво на локална власт, ова најверојатно ќе биде една од тешките години за граѓаните.“

Политичкиот аналитичар од невладиниот сектор, Алберт Муслиу, смета дека е можно и “да се радикализира несоработката меѓу ДУИ и ДПА“, но и да се освестат и да воспостават една, барем привидна, комуникација. Но, пред се под принуда на граѓаните избирачи од кои ги добиле мандатите за власта:

“Има две можно сценарија - едното е да се радикализира таа несоработка, а второто е се да функционира на професионално ниво. Во Македонија не е првпат една партија да е централна, а друга локална власт. “

Се на се, заклучуваат експертите, ако ДУИ и ДПА во наредниот период и навистина предизвикаат продлабочување на меѓусебните и сега постојни тензии, тогаш тоа ќе има не само повремен негативен ефект врз секојдневниот живот на луѓето, туку и врз самите демократски процеси во Македонија.