1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ поднесе предлог за предвремени избори

ЖА/миа1 март 2014

Пратеничката група на ДУИ денеска поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на Република Македонија и распишување предвремени парламентарни избори.

https://p.dw.com/p/1BHu5
Фотографија: MIA

Причината за тоа, како што велат од партијата, е неприфаќањето на нивниот предлог за консензуален претседателски кандидат од страна на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативата на ДУИ е во согласност со одлуките на Централното претседателтво на партијата донесени на седницата во четвртокот во Мала Речица. ДУИ соопшти дека нема да предложи кандидат на претседателските избори, но и оти нема да повика на бојкот.

Во меѓувреме, во Униврзалната сала се одржува Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која владејачката партија треба да го избере својот кандидат за претседател.

За барањето на ДУИ за распуштање на Собранието и за предвремени

парламентарни избори синоќа расправаше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, претседателот на партијата Никола Груевски имаше средба со лидерите на помалите политички партии кои се нејзини коалициски партнери.

Доколку биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори, најчесто спомнувана можност во јавноста беше тие да се одржат на 27 април, паралелно со вториот круг од претседателските. Во таков случај Собранието треба да се самораспушти во првата недела од март, а тие да бидат распишани во периодот од 10 до 13 март.