1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ тактизира со одговорот

Александар Чомовски6 февруари 2007

На понудата на премиерот Груевски за лидерска средба со Али Ахмети,ДУИ ќе одговори по неговото враќање од Турција

https://p.dw.com/p/AdZU
Фотографија: DW

ДУИ тактизира со одговорот на поканата на премиерот Никола Груевски за лична средба со лидерот на партијата Али Ахмети и обнова на преговорите власт опозиција со учество на оваа партија,што практично би значело и прекин на парламентарниот бојкот.Портпретседателот на оваа партија Рафик Салити за Дојче Веле денеска рече:

-Ние сметаме дека е во интерес на Република Македонија да бидат и претставници на меѓународниот фактор,бидејќи тие се и потписници на Рамковниот договор.Штом ќе се врати претседателот Али Ахмети,ќе имаме став дали ќе прифатиме да се разговара на ниво на работни групи,или дека треба прво да се состанат лидерите.

И во СДСМ се незадоволни од дијалогот на партиските групи со ВМРО ДПМНЕ што се оствари минатата недела.

-Работните групи на ВМРО ДПМНЕ немаат ниту капацитет,ниту мандат од Груевски да преговараат и да одлучуваат.Неформалната опозициска коалиција меѓу СДСМ и ДУИ инсистира на возобновени лидерски средби,но во редовите на ДУИ уште се бара и учество на меѓународната заедница,односно на амбасадори во Скопје.По најавите на високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана дека е подготвен да посредува во реализација на континуиран дијалог власт опозиција,во Скопје ќе допатува Оли Рен.Еврокомесарот на четирите доминантни партии СДСМ и ДУИ од позицијата и владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДПА ќе им го пренесе официјалниот став на Унијата-отсуството на официјален дијалог ги кочи реформите,но и реализацијата на Охридскиот договор.Наспроти овој сатв вицепремиерот Селмани од ДПА со спротивно гледиште,Рамковниот договор забрзано се спроведува,годинава ќе бидат издвоени дваипол милиони евра од буџетот за вработување на Албанците во јавната администрација,вели Селмани во денешна изјава за медиумите.Тој уште додава дека бојктот на ДУИ е лошо совпаѓање со решавањето на статусот на Косово.Во Скопје ќе биде одржано јавно соочување за досегашната реализација на Охридскиот договор со учество на премиерот Груевски и еврокомесарот Оли Рен.