1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дулич во Скопје

20 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKCm

Претседателот на српскиот парламент Оливер Дулич денеска во Скопје порача дека Белград ќе реагира соодветно доколку Македонија признае некаква независност на Косово. По разговорите со претседателот на македонскиот парламент, Љубиша Герогиевски Дулич ги повика земјите соседи, доколку не можат да помогнат, тогаш да не и одмогнуваат на Србија и нејзините интереси во врска со прашањето за статусот на Косово. Процесот според него треба да заврши со решение со кое ќе бидат задоволни сите страни.