1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврокризата индиректно ги покажува забите и во Шведска

Карл Харенброк / Зоран Јордановски24 март 2013

Од избивањето на еврокризата Шведска е сигурно место за влогови. Дотокот на пари од странство континуирано ја јакнеше вредноста на шведската круна. Но сега силната вредност на круната го загрозува извозот на земјата.

https://p.dw.com/p/17kJa
Фотографија: Fotolia/Maimento

Негативното влијание врз извозот го почувствува, на пример, и семејното претпријатие Вестматик, кое постројките за миење возила сега ги извезува само уште во скандинавските земји и САД. А, пред еврокризата беше поинаку.

Индустриска зона во градот Арвика во Шведска. Претријатието Вестматик овде произведува постројки за миење камиони и возови. Соработниците се добро платени. Матс Густавсон заработува повеќе од 2500 евра, но се разбира во круни. На тоа е горд, како и многумина Швеѓани.

„Ние сакаме да си ја задржиме нашата сопствена валута, сакаме самите да решаваме за нашите пари и економија. Ние не го сакаме еврото“, вели Матс Густавсон.

Постројките за миење големи возила се продаваат првенствено во Скандинавија и Америка. Муштериите од еврозоната се проретчија.

Роберт Сундел, шеф на фирмата, причината ја гледа во менувачкиот курс на шведската круна во однос на еврото. Круната варира, но и‘ скокна врендоста оти еврото е заслабено поради должничката криза.

Flash-Galerie Nobelpreisträger Wirtschaftswissenschaften Schwedische Kronen
Шведски круниФотографија: AP

„Некогаш курсот е превисок, некогаш пренизок. Правиш бизнис, но цената ти е превисока. Подоцна правиш друга зделка, но тогаш цената ти е премногу ниска. Во моментов со еврото е секогаш многу ризично“, вели Сундел.

Поединечни компоненти, како четки за постројките, тој купува во Италија. Силната круна ја прави набавката поволна. Електромоторите доаѓаат од Германија и Белгија - и тие му испаѓаат евтини поради силната домашна валута. Но, кога ги извезува готовите постројки - тие тогаш се скапи за неговите муштерии.

„Кога продаваме постројки во Полска, Германија или Италија, негативно не‘ погодува. Тогаш не сме толку конкурентни колку домашните производители. За нас е тешко кога мораме да се носиме со конкуренти од Германија или Италија, кога тие овде ги продаваат нивните постројки“, истакнува Роберт Сундел.

Така шведската индустрија засега мора да живее со силна домашна валута. Роберт Сундел се надева дека еврокризата ќе попушти. Оти, инаку, натамошно ќе опаѓа неговиот извоз во еврозоната.