1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа размислува за свој монетарен фонд

9 март 2010

По искуството со грчката должничка криза, ЕК бара нови патишта за помош на евро земјите кои се наоѓаат во финансиски тешкотии. Германскиот министер за финансии предлага европска институција по примерот на ММФ.

https://p.dw.com/p/MN31
Планови за избегнување кризи слични на грчкатаФотографија: AP

Европската комисија е подготвена да предложи европски инструмент за поддршка на евро земјите со економски тешкотии, изјави портпарол на еврокомесарот за економија и монетарна политика, Оли Рен, во Брисел.

На прашањето дали евентуалниот Европски монетарен фонд би бил според примерот на Меѓународниот монетарен фонд, портпаролот одговори дека е рано да се навлегува во детали.

Моментно, во еврозоната се води дебата околу засилувањето на економскиот надзор. Идејата е да не се повторат случаи како грчкиот. Но, кога ЕК ќе излезе со конкретен предлог, не е соопштено.

Шојбле размислува за промена на договорите во евро зоната

Deutschland Schweiz Steuer Verbrechen Finanzminister Wolfgang Schäuble
Волфганг ШојблеФотографија: AP

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за „Фајненешл тајмс Дојчланд“ на викендот иницираше формирање посебна европска институција, која ќе ги користи искуствата на ММФ и ќе располага со соодветни компетенции, за што евентуелно би биле потребни и измени во основните договори во еврозоната. Весникот пишува дека веќе оваа недела може да се очекуваат првите одлуки во оваа насока. Шојбле сака најпрво да ги усогласи плановите со француската влада, за полесно да поминат на ниво на Европа.

Автор: ЖА/АТ/дпа/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска