1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа се разбуди

26 март 2004

Колкава е опасноста од тероризам во Германија? Колку борбата против тероризмот ќе влијае врз германската демократија и општество? Со оглед на фактот дека трагата на терористите од Мадрид води кон Германија, германската јавност е повторно конфронтирана со овие вознемирувачки прашања. Верица Спасовска коментира:

https://p.dw.com/p/AcOX
Фотографија: AP

Два настани драматично го продлабочија сознанието дека теророт демне во срцето ан Европа и дека Германија во никој случај не е поштедена – нападите од Мадрид и нивната поврзаност со Германија, како и заканите со атентат врз германскиот претседател. Одеднаш стана јасно дека не игра улога дали една западна земја на ранг листата на безбедносните служби е ставена како второстепена цел на терористите, како што е случајот со германија, во псоредба со САД и Велика Британија. Со тоа, во вода паѓа комотното размислување дека германија останува заштитена, зашто постојано ја отфрлаше војната во Ирак.

Германија со години е логистичка цел на меѓународниот тероризам. Ваквото сознание не погаѓа потвроно, откако речиси го потиснавме сознанието дека атентаторите од 11 септември дејствувале од Германија.

Оттука, заклучокот гласи – Германија за терористите е исто така дел оод западниот свет, како што се САД или Шпанија. Тоа се покажа и во нападот врз германските туристи во Џерба или нападот врз германските војници во Кабул.

Уште нешто причинува голема загриженост – исламистичките терористи очигледно стремат кон тоа да вршат влијание врз политичките процеси преку терористички напади. Изборите во Шпанија без нападите од Мадрид би минале сосема поинаку. Дури и ако новата шпанска влада уште долго пред нападите најавеше дека ќе ги повлече своите војници од ирак, тоа, со оглед на нападите, ќе изгледаше како паѓање на колена.

Тоа што германскиот претседател је промени својата агенда на патување не мора да значи вода на воденицата на исламистичките фанатици. Дали тоа беше знак на слабост, како што му префрлаат критичарите? Не, во никој случај. Решението беше исправно. Нема смисол да се презема непотребен ризик.

Што да се прави? Во Германија важи – за табуата на паралелните општества треба отворено да се зборува. Таму каде што фундаменталистите под плаштот на либералноста регрутираат свој подмладок меѓу младите муслимани, работите мора да се расчистат. Но, тоа е можно само ако активностите на тајните служби бидат подобро координирани, како на германско, така и на европско ниво. Само во федерална Германија надлежностите се подлеени меѓу 37 различни покраински и сојузни служби. Да не говориме за тешкотиите во една мрежа да се стават 25 земји членки на ЕУ. Тоа што на самитот на ЕУ беше донесен акционен план, е чекор во вистинска насока.

Иронија на историјата – се чини заканата од меѓународниот тероризам постигна нешто што на членките на ЕУ не им успева со години – Европејците се приближуваат едни до други.

Се разбира дека критичарите имаат право кога велат дека и натаму ќе биде тешко, дури и самата размена на сознанијата на тајните служби на 25-те држави членки. И се разбира само по себе дека треба да се сочека какви конкретни чекори ќе бидат презеемни согласно пакетот донесени мерки. Сепка, по настаните од изминатите недели, по страшните напади од Мадрид и по заканите со убиство против претседателот Рау, и на последниот Европеец му стана јасно дека сите седат во еден брод и мораат да дејствуваат заедно за да се борат против теророт. Европа, како што се чини, се разбуди.

Верица Спасовска