1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европејците се се' побогати

АТ/ дпа/ ртр31 мај 2013

И покрај должничка криза и економски проблеми, приватниот имот во западна Европа расте, се вели во една студија. Сепак на долг рок на континетот му се заканува да заостане зад другите региони.

https://p.dw.com/p/18hgX
Фотографија: picture-alliance/dpa

И покрај должничката криза, која и натаму ја тресе Европа, луѓето на стариот континент станаа побогати. Ова го пресмета советувалиштето „Бостон консалтинг“ во својата годишна студија „Global Wealth“. Според оваа студија приватниот имот во регионот изминатата година се зголемил за 5,2 проценти на 35,8 билиони долари. Тоа според актуелниот курс изнесува 27,7 билиони евра.

„Тоа доаѓа оттаму што добро се одвиваат пазарите на акции“, вели експертот Даниел Кеслер при претставувањето на студијата вчера (30.05) во Њујорк. Во пресметките се земени во предвид и парите во готовина или вложувањата, но не и недвижностите.

Германија на седмо место

Уште во 2011 година пазарите, а со тоа и приватниот имот, забележително страдаа поради хаосот околку должничката криза. Германија меѓутоа уште тогаш се одржа подобро отколку многу нејзини соседи и сега можеше натпросечно во земјата да се зголеми приватниот имот, за 6,2 проценти. Вкупно, според „Бостон консалтинд“ Германците седат на имот од 5,2 билиони евра.

„Бостон консалтинг“ само во Германија изброја 362.000 домаќинства со приватен имот од еден милион долари или повеќе. Во 2011 година за споредба беа 331.000 домаќинства. Германија сега е на седмо место. Во Европа само во Велика Британија и во Швајцарија има повеќе богаташи. Во светот водечки се САД, а по нив следуваат Јапонија и Кина.

Banknoten vor Geldautomat
Фотографија: picture-alliance/dpa

Азија во поход

Погледнато во светски рамки, имотот во изминатата година се зголеми за 7,8 проценти на 135,5 билиони долари, значително повеќе во споредба со 2011 година. „Азија - Пацификот е поттикнувачот“, соопшти одговорниот експерт Федерико Бургони. „И тоа ќе остане така во догледно време“. До 2017 година, овој регион кој доживува бум со Кина како голема сила би можело да ги надмине и САД во однос на имотот, проценуваат експертите.

Колку е голема разликата при порастот на имотот во поедничени региони во светот покажуваат бројките од измината година: Во Азија е регистриран пораст од 13,8 проценти, на 28,0 билиони долари. Јапонија не е вклучена во таа пресметка. Наспроти ова, економско солидните Северноамериканци забележаа пораст од само 7,8 проценти на 43,3 билиони долари. „Се наоѓаме во свет со две брзини“, рече Кеслер. „Новиот свет бележи побрз пораст од стариот“.