1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европејците ја сакаат Бундеслигата

ЕМФ/отс10 мај 2013

Порталот „hattrick.org“ направи анкета меѓу навивачите ширум Европа, од која произлегува дека Бундеслигата по англиската Премиер Лига е најомилена во Европа.

https://p.dw.com/p/18V9G
Фотографија: fotolia/Doc RaBe

Волшебните полуфинални вечери во Лигата на шампионите што ги пружија Борусија Дортмунд и Бајерн Минхен оставија впечаток на меѓународната навивачка сцена. Така барем тврди истражувањето на порталот „hattrick.org“, спроведено меѓу повеќе од две илјади европски фудбалски фанови.

Според анкетата, речиси една четвртина (24 проценти) од испитаниците сметаат дека Бундеслигата во моментов е „најжешка“ во Европа. Само англиската Премиер Лига на своја страна има повеќе фанови - 52 проценти. Далеку зад Бундеслигата се италијанската Серија А и шпанската Примера Дивизион, кои се на врвот за десет проценти од навивачите. Фраnцуската прва лига пак, е најомилена за само два процента од европските навивачи.

Symbolbild Phrenology Bundesliga v15
Истражувањето е направено ширум ЕвропаФотографија: fotolia/AP/DW

Истражувањето е направено меѓу фанови од цела Европа - од Италија, преку Пoлска и Шпанија, се‘ до Португалија и Fранција. Фактот дека англиската  Премиер Лига е најомилена меѓу Европејците е дотолку пофасцинантен, што во истражувањето речиси и да немаше англиски навивачи, односно нивнио број беше занемарлив.

„Традицијата на англиските клубови, како и нивните меѓународни ѕвезди се причината за тоа зошто англискиот фудбал останува посебен. Но, германската Бунделига забрзано чекори напред“, оценува Џеспер Мејер Андерсен, раководител на маркетинг-одделинето на „hattrick.org“.