1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската комисија реагира по „случајот Неделковски“

1 јуни 2010

Европската комисија го прими соопштението на Меѓународната федерација на новинари во која се критикува слободата на медиумите во Македонија и денеска (01.06.2010) реагираше официјално.

https://p.dw.com/p/NejV

Од кабинетот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска порачуваат:

„Европската комисија ги прими забелешките на Меѓународната федерација на новинари. Слободата на изразување е фундаментално право, кое заедно со медиумската слобода и плурализмот на медиумите претставува суштинска основа на нашите демократски општества. Европската комисија највисоко ги цени овие вредности. Со оглед на тоа дека безбедноста е еден од есенцијалните компоненти на нивната работа, Европската комисија очекува од Македонија да ги преземе сите потребни мерки за обезбедување на правата на новинарите и нивната сигурност.“

Berliner Medienzirkurs im TV
Фотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Меѓународната федерација на новинари пред петнаесетина дена реагираше на настапот на водителот Миленко Неделковски на една македонска телевизија, во која тој јавно повика на линч на новинарите кои не го делат неговото мислење.

МФН беше шокирана што властите во државата не преземаат мерки против ваквиот говор на омраза и повик на насилство. Федерацијата е во постојан контакт со Европската комисија, која високо го цени мислењето на оваа организација. Претставници на ЕК ќе ги пренесат критиките на крајот на оваа недела, на седница на Комитетот за стабилизација и асцијација кој ќе се одржи во Скопје.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска