1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската помош за Шпанија ги заживеа азиските берзи

АТ/СН/ дв/ ртр11 јуни 2012

Позитивен тренд на берзите во Азија, откако викендов Шпанија одлучи да ја искористи можноста за европска помош. Министрите за финансии на еврогрупата веќе дадоа зелено светло за 100 милијарди евра за шпанските банки.

https://p.dw.com/p/15Bq7
Фотографија: Fotolia/vege

На финансиските пазари се чувсвува олеснување поради договорената европска финансиска помош за шпанските банки. Во Азија денеска пазарите со акции и еврото покажуваат позитивен тренд. „Минатата недела сите чекаа на потег од страна на одговорните политчари“, изјави аналитичарот Масајуки Дошида. „Поради тоа инвеститорите повторно се смирени, откако е договорена спасувачката акција за Шпанија“, додаде тој.

По долгото давање отпор, Шпанија сепак одлучи да побара европска помош. Министрите за финансии на еврозоната во саботата постигна согласност да и’ стават на располагање на Шпанија 100 милијарди евра за надминување на банкарската криза.

Несигурноста останува

Комесарот за монетарна политика на ЕУ Оли Рен ја повика Шпанија „брзо“ да го поднесе барањето за европската финансиска помош. Владата во Мадрид би требало да го поднесе формалното барање по можност уште пред средбата на еврогрупата на 21 јуни, изјави Рен во Брисел. Со „многу јасен сигнал“ до пазарите, еврозоната покажува дека е подготвена да дејствува за да спречи проширување на кризата, смета Рен.

Tokio Börse
Берзата во ТокиоФотографија: AP

Според зборовите на берзанскиот експерт Дошида, сега погледот на вложувачите е свртен кон наредните насокки во европската должничка криза. Неговиот колега Такао Хатори предупредува: „ Несигурноста останува. Отворено (е прашањето, н.з.) по кој пат ќе бидат исплатени парите на шпанските банки, каков ќе биде исходот од изборите во Грција и како ќе се одвива ситуацијата во периферните земји како Италија“.

Многумина сметаат дека парламентарните избори во Грција ќе одлучат и за тоа дали земјата ќе остане во еврозоната. Кратко по изборите следува и нардедната средба на Г20 од која многу инвеститори очекуваат одговори на проблемите на светската економија.