1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската федерација на новинари бара фер однос кон новинарите во Македонија

17 август 2011

Покрај Репортери без граници денеска (17.08.2011) загриженост за состојбата со медиумите во Македонија изрази и Европската федерација на новинари.Во фокусот на критиката е отпуштањето на новинари членови на синдикатот.

https://p.dw.com/p/12IPO
Логото на Европската федерација на новинари

Претседателот на Европската федерација на новинари, Арне Кениг, упати писмо до претседателот на Владата, Никола Груевски и до сопственикот на ТВ Алсат во кое ги осудува неодамнешните отпуштања од работа на новинарите - синдикални претставници.
„Ние сме силно вознемирени од широката и загрижувачка практика на отпуштања на медиумските работници во Македонија, врз основа на договори потпишани под притисок или во отсуство на каква и да е соодветна мотивација, освен наводна 'спогодбена согласност'. Всушност, ваквата ситуација нам ни делувакако бесрамно кршење на стандардите на Европската унија и Меѓународната организација на трудот кои се однесуваат на работничките права, а згора на тоа разрешувањето на синдикални лидери заради нивните активности е јасен доказ за дискриминација и заплашување“, се вели во соопштението на
Европската федерација на новинари за отпуштањето на Претседателката на
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).

Тие препорачуваат дека за надминување на оваа состојба во Македонија треба
да се развие култура на социјален дијалог, фер работни односи и соодветна
синдикална застапеност.
„Медиумските работодавачи како што е телевизијата Алсат-М се одговорни за
прекумерен притисок, заплашување на вработените и кршење на работничките
права. Со тоа, тие се обидуваат да ги замолчат новинарите и нивните
синдикати, што е во директна спротивност со основните демократски принципи
за новинарството како јавно добро.

Европската федерација на новинари (EFJ) е регионалната група на
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) која застапува повеќе од 260
илјади новинари во повеќе од 30 европски земји.

Автор:СН/БГ/макфакс

Редактор: Трајче Тосев