1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европска диломатска мисија во Москва и Тбилиси

Криситна Нагел 9 септември 2008

Претседавачот со ЕУ Никола Саркози на разговорите со рускиот претседател Медведев, доби уверување дека Русија ќе ги повлече трупите од централната грузиска територија. Претседателот на Грузија го поздрави овој чекор.

https://p.dw.com/p/FE4l
Европска дипломатска мисија за решавање на конфликтот на КавказотФотографија: AP

На европските посредувачи Сакркози, Барозо и Солана им беше потребна сила и трпение. По повеќечасовните дискусии во Москва со рускиот претседател Медведев во текот на ноќта следеа преговори со грузискиот претседател Саакашвили во Тбилиси.

Чекор по чекор до целта

Маратон, каков што очигледно е по мерка на францускиот претседател Саркози, бидејќи често му носи успех. Како и во текот на ноќта во Тбилиси „Сеуште не сме на крајот на патот. Но етапа по етапа постигнуваме напредок. Последниот пат постигнавме примирје. Овојпат повлекување на руските трупи на позициите пред почетокот на конфликтот.“

Цврсти на ставови, но срдечни по тонот, такви беа претходно разговорите во Москва. Медведев и Саркози по повеќечасовни разговори излегоа пред медиумите. Од договорот од шест точки се создаде договор од девет точки, кој се чини дека може да овозможи смирување на ситуацијата на Кавказот.

Русија се согласи на европски набљудувачи

Централна вест сепак е: Русија се согласи на временски ограничено повлечкување на трупите од Грузија, и од спорната тампон зона „Ова повлекување ќе биде спроведено во рок од десет дена, откако меѓународни заштитни трупи меѓу кои и 200 набљудувачи од ЕУ ќе ја преземат контролата во тампон зоната. Тоа треба да биде спроведено најдоцна до 1 октомври.“ рече претседателот Медведев.

На меѓународна конференција во Женева пак треба да се отвори патот за мировни преговори. По прашањето за идниот статус на двете меѓународно не признаени републики Абхазија и Јужна Осетија сепак нема приближување на ставовите.

Саакашвили за единство на земјата

Georgischer Präsident Mikhail Saakashvili und Nikalos Sarkozy in Tiflis
Францускиот претседател Саркози и грузискиот колега СаакашвилиФотографија: AP

Грузискиот претседател Саакашвили, за кого Русија смета дека е продолжена рака на Америка во текот на ноќта јасно кажа дека за некого важи само единството на земјата „Мислам дека во текот на ноќта направивме чекор напред. Сега сме поблиску до реализиција на планот од шест точки на претседателот Саркози.“

Европската унија, како што призна и претседателот Саркози, поради различните ставови на земјите членки самата имала потешкотии во реализација на нејзината посредничка улога, дотолку повеќе сега може да биде задоволна со резултатот од политичкиоит маратон. Но следниот тежок чекор веќе е на повидок: средбата Украина - ЕУ во Франција.