1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Fehlgeburt einer europäischen Ratingagentur

Жанг Данхонг / Елизабета Милошевска Фиданоска17 април 2012

Трите американски рејтинг агенции кои владеат во својот домен никогаш и не беа многу загрижени поради напорите во Европа за основање сопствена агенција. Сега можат сосема да се опуштат.

https://p.dw.com/p/14ekj
Фотографија: dapd

Идејата за европска рејтинг агенција со која би се урнал монополот на „Стандард и Пурс“, „Фич“ и „Мудис“, беше многу привлечна, зашто трите агенции заедно владеат со околу 95 проценти од рејтинг-бизнисот.

За некои, трите претпријатија се отелотворение на злото. Тие се соочени со обвинувања за соодговорност за избивање на финансиската криза, затоа што давале најдобри оценки за хипотекарските хартии за недвижнини, кои подоцна се покажаа како „отровни хартии“ и ги турнаа банките ширум светот во руина.

Извршители или само преносници на лоши вести?

Во евро-кризата „Фич енд компани“ во Европа станаа предмети на омраза. Тие ги симнуваа рејтинзите на евро-државите и тоа секогаш кога политиката само што почнуваше да верува дека нејзиниот кризен менаџмент ќе донесе конечно смирување на финансиските пазари. „Рејтинг агенциите дејствуваат како средство за ширење пожар“, изјави во едно од поранешните интервјуа за ДВ, Рудолф Хикел од универзитетот Бремен, еден од најострите критичари на рејтинг агенциите во Германија. Политичарите дури се служеа со претпоставки дека се работи за заговор против заедничката европска валута.

Symbolbild Logo Ratingagenturen Fitch Moody's Standard & Poor's
Трите рејтинг-агенции за некого се отелотворение на злото

Идејата беше заразна

Не е чудо што Маркус Крал, партнер во советодавната фирма Роланд Бергер, минатото лето со својата идеја за европска рејтинг агенција наиде на „отворени уши“ на политиката. Таа, според идејата, требаше да биде независна. Тоа подразбира и независност од политиката и затоа Крал уште од почетокот отфрлаше можност таа да се финансира од данок. Парите требаше да дојдат од финансиската бранша.

Агенцијата требаше да стартува во вториот кавртал од годинава, со капитал од 300 милиони евра, а првите рејтинзи требаше да ги даде на крајот од 2013 година. Кога бизнисот ќе се развиеше, пари за агенцијата веќе немаше да даваат проверени фирми, туку инвеститори кои бараат рејтинзи. На тој начин требаше да се реши конфликтот на интереси.

Поддршка од погрешна страна?

Додека Крал е обидуваше да собере почетен капитал, напомош му притрча ЕУ. Минатата есен еврокомесарот за внатрешен пазар Мишел Барние најави реформа на рејтинг-браншата. Модел на ротација требаше да ги принуди претпријатијата да не бидат оценувани само од страна на трите американски рејтинг агенции. На ваквата реформа и‘ се спротивстави пред се‘ германската индустрија, која инаку со години се жали дека „Мудис енд компани“ дејствуваат премногу од американски аспект. Плановите на Барние ги отфрлија и Европската агенција за финансиски надзор - ЕСМА и Европската централна банка.

Сомневање во европска рејтинг агенција изразија и економистите, кои инаку не ги штедат американските агенции од критика. Томас Штраубхар, директор на Хамбуршкиот институт за светска економија - ХВВИ, на пример, во едно поранешно интервју за ДВ, рече: „Состојбата на Грција немаше да може поинаку да ја оцени ниту евроопска рејтинг агенција“. На еден собир на Универзитетот Келн, поранешниот шеф на Бундесбанката Аксел Вебер на почетокот на годинава рече дека не верува оти ваква една агенција би донесла многу. Американските агенции не ја предизвикаа кризата во Европа, туку политиката потфрли, рече Вебер.

Dr. Markus Krall
На Маркус Крал не му успеало да собере 300 милиони евра, се вели во извештај на „Фајненшл Тајмс Дојчланд“Фотографија: picture-alliance/dpa

Бламажа за политиката

Сега сонот за европска рејтинг агенција е отсонуван, се вели во извештај на „Фајненшл Тајмс Дојчланд“. Според овој извештај, на Маркус Крал не му успеало да собере 300 милиони евра. Неговата идеја не ја поддржале пред се‘ германските големи банки.

Пропаѓање на проектот е еднакво на бламажа на европската политика, која го фаворизираше моделот на советодавната фирма Роланд Бергер и нема план Б. Тоа, меѓутоа, не би било првпат политиката да се избламира во должничката криза.