1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

280911 Eurozone Aussprache

28 септември 2011

Европскиот парламент денеска (28.09) гласа за поостри мерки за да се зачува буџетската дисциплина во земјите на ЕУ. Со мерките би требало да се спречат кризи како грчката.

https://p.dw.com/p/12iEE
Фотографија: picture alliance/dpa

За шефот на евро-групата Жан Клод Јункер настапот во Европскиот парламент беше „игра на домашен терен“. Се‘ едно дали социјалдемократи, либерали или зелени - мнозинството стои зад конзервативниот Европеец.

„Јас сум апсолутно против идејата да се принудат една или две земји да ја напуштат еврозоната“, рече тој вчера во Европскиот парламент.

Еврото може да се спаси само со заеднички напори. Онака попатно Јункер соопшти дека Тројката, составена од експерти на ЕК, ЕЦБ и ММФ, денеска или утре (28 или 29 октомври) ќе отпатуваат за Атина. Грција на тој начин би се доближила до исплатата на шестата транша помош од осум милијарди евра. А тоа во Стразбур им пречи само на оние кои се на најдесната страна - евро скептиците од Британија. Најџел Фрејџ, европратеник од Британија, обраќајќи му се на Јункер, рече:

Jean-Claude Juncker
Жан-Клод ЈункерФотографија: dapd

„Сега рековте дека Грција не би имала проблеми доколку е во еврозоната. Тоа е многу неосновано. Грешка е овие земји да се држат во евро-затворот.“

Ваквите изјави се ретки. Овде непријателот се гледа на друго место - националните влади кои се‘ повеќе ќе ја слабеат Европската комисија.

„Во моментов имаме најмалку четири, ако не и пет личности во Европа, кои за еврото се грижат само формално. Толку лошо не било никогаш, изјави европратеникот од либералите“, Ги Ферхофштат.

Затоа Европскиот парламент како излез од должничката криза бара да се зголеми моќта на Брисел. Денеска, по повеќемесечни натегања, и ќе се гласа за тоа.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Франк Хофман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски