1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот парламент ги усвои мерките за реформа на Пактот за стабилност

28 септември 2011

Европскиот парламент во Стразбур го донесе пакетот мерки за поголема буџетска дисциплина на земјите на ЕУ. Претседателот на ЕК, Жозе-Мануел Барозо, пак, зборуваше за состојбата во ЕУ.

https://p.dw.com/p/12iMg
Фотографија: picture alliance/dpa

Европарламентарците во Стразбур денеска (28.09.) ги донесоа шесте правила кои во иднина би требало да спречат должнички кризи како грчката. Дел од тие мерки, меѓу другото, е и полесното воведување санкции против државите кои ја немаат под контрола буџетската дисциплина. Ова е најголемата реформа на монетарната унија од воведувањето на еврото во 1999 година.

Straßburg EU Parlament Präsident der Kommission Jose Manuel Durao Barroso
Барозо повика на темелна обнова на ЕвропаФотографија: picture alliance/dpa

Со оглед на должничката криза во еврозоната, претседателот на Европската комисија Жозе-Мануел Барозо повика на темелна обнова на Европа. ЕУ мора да биде унија на стабилност и одговорност, на пораст и солидарност, изјави Барозо пред ЕП. Освен тоа, тој се заложи за воведување еврообрврзници. Барозо нагласи и дека Грција нема да биде исклучена од монетарната унија, а го претстави и предлогот на Европската комисија за воведување на контроверзниот данок на финансиски трансакции во сите земји членки на ЕУ. Ваквиот данок би требало да носи по 55 милијарди евра годишно и да се наплаќа при купување и продажба на хартии од вредност меѓу банките, осигурувањата и останатите финансиски институции.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Горан Чутаноски