1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот спортски модел треба да се спаси

Тони Гламчевски 28 јануари 2008

Парламентарното Собрание на Советот на Европа предупреди дека европскиот спортски модел е во опасност. Истото го мисли и претседателот на УЕФА, Мишел Платини кој учествуваше во политичката дебата во Стразбур.

https://p.dw.com/p/CygU
Мишел ПлатиниФотографија: AP

Дефиницијата на европскиот спортски модел ја даде португалскиот парламентарец Хозе Луис Арно. „Тоа е демократскиот модел со отворена структура, втемелен на финансиската солидарност. Модел кој се применува во сите нивоа на спортот како за професионалниот и аматерскиот, така и за екипниот и индивидуалниот спорт.“

Спортот фактор за европската интеграција

За Мишел Платини, Претседателот на УЕФА кој говореше пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа, европскиот спорт секогаш беше силен фактор на општествената и културната интеграција. „Се создадов со и благодарејќи на спортот, денес си го отплаќам долгот обидувајќи се преку мојата акција да ги зацврстам нашите скапоцени вредностите.“

Платини притоа го нагласи „перверзното“ влијание на парите во спортот, кој ја сведува спортската дисциплина на обичен „спектакал“.

„Наспроти мислењата кои ги имаме, спортот во Европа ексклузивно се потпира врз волонтаризмот. 99% од спортските клубови и организации се организации кои не се со профитабилен карактер и се дел од пирамидалната структура, гарант на демократското и транспарентно функционирање. Овие волонтери и овие европски спортски организации се кревката рамнотежата која го гарантира пренесувањето и трајноста на спортските вредности.“- нагласи Платини.

Преку спортот до меѓусебно прифаќање

Во усвоената резолуција побарано е да биде признаат специфичноста на спортот и заштитување на автономијата на спортските федерации. Меѓу другото се советува да биде признат и непроценливиот придонес на стотиците илјадници волонтери во спортот и наедно тие да бидат поддржани, колку што тоа е можно на фискален или друг план.

„Спортот е основата и исклучителен фактор на етничкото мешање и интерграција: фудбалот посебно прифаќа, заштитува и интергрира.“ – нагласува од своја страна Мишел Платини.