1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските автомобилски производители можат да здивнат

ЖА/дв/ртре/дпа17 август 2013

Во јули е забележан силен пораст на регистрирање нови автомобили во ЕУ. Најголемиот германски автомобилски прозводител, Фолксваген, исто така сведочи за промена на трендот во Европа по претходната намалена продажба.

https://p.dw.com/p/19RO4
Фотографија: DW/M. Anaswah

Разнишаниот европски пазар на автомобили порасна во јуни по втор пат оваа година, соопшти вчера (16.08) здружението на германски производители, ВДА. Бројот на регистрирани нови автомобили во Европа се зголеми минатиот месец за 4,8 отсто во споредба со истиот месец минатата година, со регистрирани 1.020.000 нови автомобили, покажуваат податоците на ВДА.

Деловни резултати на автомобилски компании за вториот квартал исто така пријатно изненадија, што укажува на заклучок дека некои производители на евтини автомобили се поблизу до позитивна нула отколку што претходно се мислеше. Но и покрај тоа, станува збор за многу ниско ниво на продажба, најниска во последниве 20 години. Европскиот пазар е на добар пат да забележи пад четврта година по ред.

„Позитивни резултати во јули се добар почеток на стабилизацијата која ја очекуваме во втората половина на годината. Се чини дека првите знаци на економско заздравување во западна Европа се рефлектираат врз растот на побарувачката за автомобили", рече претседателот на ВДА, Матијас Висман.

И кај германскиот најголем автомибилски производител, Фолксваген, се множат знаците за крај на надолната линија на побарувачка на автомобили. Во јули Фолксваген во западна Европа, без Гермаија, продал само 2,6 проценти автомобили помалку од истиот месец претходната година. И покрај предизвикувачките услови, продажбата сепак се одвива позитивно, истакнува првиот човек, Кристијан Клингер. Фолксваген се ‘уште може да ја компензира намалалената продажба во Европа со порастот на побарувачката од Кина и САД. Концернот од јануари до крајот на јули испорачал 5,45 милиони возила, од кои една третина само во Кина.