1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските банки не си веруваат една на друга

5 јануари 2012

Во Европската централна банка се префрлаат пари како никогаш досега. Европските комерцијални банки тука ги оставаат своите пари на преноќување, затоа што не си веруваат едни на други.

https://p.dw.com/p/13egJ
---
Фотографија: picture-alliance/dpa

На крајот на денот големите европски комерцијални банки го притискаат копчето и префрлаат стотици милијарди евра тука, во Франкфурт, во Европската централна банка. Парите остануваат тука преку ноќ.

Речиси половина трилион евра, поточно 453 милијарди, досега пристигнаа во Европската централна банка. Огромни суми. Тоа се случува и покрај финансиската инјекција од 489 милијарди евра со која Европската централна банка ги помогна банките во декември.

Големите депозити во ЕЦБ се јасен знак за меѓусебната недоверба на банките. Во нормални околности комерцијалните банки ретко соработуваат на овој начин со Централната банка. Условите не се најповолни. Затоа вообичаено ваквите размени ги прават меѓусебно. Но, должничката криза го промени тоа. Многу банки поседуваат државни обврзници од задолжените евро- земји. Оттука и стравувањата дека банките нема да можат да си ги вратат позајмените пари назад.

Прилогот можете да го погледнете и како „Видео на денот“!

Автор: Саша Квајзер/БГ

Редактор: Ж.Ацеска