1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските политичари со осуда за случувањата во македонското Собрание

27 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkE3

Портпаролот на еврокомесарот Оли Рен, Кристина Наѓ во изјава за „Дојче Веле„ предупреди дека срамните акти во македонското собрание и нападите врз новинарите фрлаат сенка врз досега постигнатиот прогрес во реформскиот процес. Атакот против новинарите неможе да се толерира во ниту едно демократско општество, рече Наѓ која изрази жалење заради одлуката на ДУИ да ги бојкотира собраниските седници. Наѓ не сака да коментира дали случувањата ќе предизвикаат негативна оценка во извештајот за напредокот на Македонија кој треба да биде објавен на 6 ноември. Европарламентарката Дорис Пак за ДВ пак истакна дека последните настани во Македонија покажуваат дека во земјта сеуште нема политичка зрелост . Таа смета дека поради ваквото однесување на македонските политичари, Словенците кои претседаваат со Еу наредната година ќе имаат проблеми да ги убедат останатите земји членки дека е дојдено време за започнување на пристапните преговори со Македонија . И германскиот пратеник од редовите на Либералната партија Рајнер Штинер смета дека последните случувања им наштетуваат на македонските апсирации за членство во ЕУ.