1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Егзотични сувенири за дигитализација на музејската фото-архива

Херман Шолц / Александар Методијев7 април 2013

Наследени и подарени - така бројни предмети дојдоа во минхенскиот Музеј за етнологија. Егзотични сувенири од патувања и колекционерски парчиња, но без музејска вредност, кои се продаваа за музејот да собере пари.

https://p.dw.com/p/184uD
Фотографија: Fotolia/Anioł

Девет часот и триесет минути наутро - завршна продажба во музејот. На секои шест месеци тој се чисти од резервите преку продажба на старите работи. Што конкретно е тоа и што да се прави со него - за тоа ќе се одлучува подoцна. Најпрво да се земе. Ова ги понесува луѓето:

„Алчноста. Логично е, како и кај сите останати“, вели една посетителка.

„Ова секако е нешто посебно. Ако каде било во баумаркет купам собен бунар, тоа ќе биде нешто поинакво од ова овде“, вели друга посетителка.

Овде има од убави подароци од Индонезија до сивенири од Перу по цени меѓу едно и 80 евра. „Софистицирани етно-дрангулии“ - вака ова го нарекува еден вработен во музејот.

„Добро стои и изгледа сосема смешно“, вели една посетителка, ставајќи јапонска шапка на главата.

„Зошто го земате ова?“, прашува репортерот.

„За на карневал. Само што се договоривме“, одговара жената.

27.03.2013 DW Deutschland Rama Dama
Луѓето купуваа и стари шапки, кои би ги користеле на карневал

„Всушност повеќе изгледа чудно од што е убаво. Така мислам. Значи, за убавина тука не може да се зборува, но сметам дека е смешно“, вели една посетителка која во рацете држи скулптура која наликува на легнат лав со необичен израз на лицето.

Десет и триесет часот - редицата пред касата се протега низ салата. Луѓето што чекаат се ведри, опуштени. Тие веќе го имаат својот плен.

„Каде ќе го ставите ова?“, прашува репортерот.

„Па, мислам дури и во дневната соба“, вели посетителот кој држи склулптура во рацете.

„Имам спирални скалила и моите мачки постојано се качуваат високо и паѓаат надолу по работ, а ако ова таму стои, тогаш така да се каже тие ќе бидат заштитени, затоа што ќе неможат веќе таму да минуваат. Точно, тоа е причината“, вели една млада посетителка кој каупи висок тотем.

Единаесет часот и триесет минути - најголем дел од работите се продадени. Купувачите се задоволни, а и музејот исто така, бидејќи со парите ќе ја дигитализира својата фото-архива.