1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египетските новинарки за првпат ставија шамии

БГ/миа3 септември 2012

Модераторка на вести на египетската државна телевизија за првпат се појави со шамија на главата, по доаѓањето на исламистите на власт. Досега таквата пракса беше забранета.

https://p.dw.com/p/162RH
Фотографија: Egyptian State TV

Египетската државна телевизија ја укина забраната за носење шамии за водителките на вести, што траеше повеќе децении за време на владеењето на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Државната телевизија соопшти дека е ова прво појавување на водителка со прекриена глава од основањето на оваа телевизија, пред половина век, пренесоа американските медиуми.

Претставникот на телевизијата Мухамед Фати изјави дека појавувањето на модераторката Фатима Набил со шамијата на глава ќе охрабри многу други жени кои сакаат да носат шамија, но се плашат дека ќе останат без работа.

Египетската државна телевизија водеше политика на забрана за носење шамии за водителките во текот на сето времетраење на власта на Хосни Мубарак, кој минатата година беше соборен со масовни демонстрации, но и за време на неговите претходници.

Некои водителки ја тужеа телевизијата и го добија спорот, но, сепак, не им беше дозволено да се појават пред камерите со прекриена глава.