1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет во пресметка со Ал Џазира

Маркус Симанк/ Симе Недевски25 февруари 2014

Во Египет им се суди на 20 новинари на панарапската телевизија Ал Џазира. Обвинети се дури и за членство во терористичка организација. Критичарите во процесот гледаат притисок врз слободата на известување

https://p.dw.com/p/1BENw
Фотографија: picture-alliance/dpa

На масата на адвокатот Ахмед Езат купишта хартии: официјалното обвинение против 20 новинари на телевизијата Ал Џазира, чие судење започна на крајот на минатата недела во главниот град на Египет, Каиро. Има многу сериозни обвиненија : од „ширење лажни вести“ до „членство во терористичка организација“. Конкретни докази нема, вели Езат.

Претседателот на правното одделение на египетската Организација за слобода на мислењето и изразувањето смета дека станува збор за политички процес. „Владата сака да контролира сѐ, да ги поврати редот и мирот на улиците. За да го постигне тоа се обидува да ги замолчи сите непријатни гласови.“

Јакнење на репресијата

Судењето на новинарите на Ал Џазира не е единствено од таков вид во Египет. Уште најмалку 11 репортери и сниматели во моментов се во затвор поради слични обвиненија. Меѓутоа, на судењето на новинарите на Ал Џазира му се посветува големо внимание бидејќи меѓу обвинетите има и четворица странци: еден Австралијанец, еден Холанѓанин и двајца Британци. Тројца се надвор од земјата а само наградуваниот австралиски новинар Питер Грест е во затвор во Каиро. По соборуваето од власт на претседателот Мохамед Мурси, странските новинари сѐ почесто се цел на египетските власти. „ Не само што силите на безбедност ги апсат, им ги уништуваат камерите, туку и народот го острат против нив“, вели Езат. Минатиот месец брутално претепани беа неколку странски новинари, вклучително и двајца соработници на германскиот јавен сервис АРД.

Anwalt Ahmed Ezzat, Prozess gegen 20 Al-Dschasira-Mitarbeiter in Ägypten
Aдвокатот Ахмед ЕзатФотографија: Markus Symank

Ахмед Езат вечи дека властите во моментов се „шизофренични“. од една страна прават сѐ што е можно за на Запад да создадат имиџ на демократска влада а од другастрана репресивниот курс портив печатот во земјата и засилено против странските новинари, создава сосема поинаква слика.

Ал Џазира ја загуби лиценцата во Египет

Обвиненијата против колегите од Ал џазира контроверзно се дискутираат меѓу египетските новинари. Државните медиуми се на страна на власта. Ал Џазира е прва на листата на најомразени канали со вести во Египет. Емиратот Катар , каде се наоѓа седиштето на Ал Џазира одржува блиски односи со исламистичкото движење Муслиманско братство од чии редови е и соборениот претсдател Мохамд Мурси. Во летото 2013. година владата во Каиро го уапси локалниот персонал на оваа телевизиска станица, а нешто подоцна Ал Џазира ја загуби дозволата за емитување во Египет. Оттогаш наваму вработените во телевизијата мораа да работат илегално.

Новинар на приватниот дневен весник Ал Масри Ал Лум, кој сака да остане анонимен , смета дека тоа бил единствен прекршок кој може да се докаже: „Мислам дека ова е грешка на двете страни. Новинарите на Ал џазира немаа работна дозволам бидејжи властите честопати не ги обработуваат бараата или го прават тоа со голему задоцнување“

Критика на исполитизираната правда

Овој египетски новинар нема најдобро мислење за Ал џазира, но акцијата на владата ја смета за опасна:„Слободата на печатот во Египет минува низ тежок период. Стана многу тешко во јавноста да се изнесе поинакво мислење, без оглед дали тоа го прави поединец или медиум.“

Symbolbild Pressefreiheit Journalisten Ägypten
Фотографија: picture-alliance/AP

Правникот Ахмед Езат вели дека процесот против новнарите на Ал Џазира има за цел да ди заплаши домашните и странските новинари во Египет. Тој истакнува дека неколкумина обвинети се третирани како терористи и се држени во самица. На еден од нив Мухамед Фахми не му се дава медицинска помош, и покрај тоа што рамето веќе со недели му е скршено.

Езат предупредува дека во последните неколку месеци , донесени се повеќе пресуди без валидни докази: „Тоа е многу опасно. Порано луѓето веруваа во правосудството, сметаа дека тоа е последен бастион против угнетувачкиот режим“. Но тоа во Египет веќе не е така.