1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет го отповика амбасадорот во Израел

20 август 2011

По убиството на повеќемина египетски полицајци на Синајскиот поуостров, владата во Каиро најави отповикување на својот амбасадор од Израел. Дипломатот ќе смее да се врати откако Израел официјално ќе се извини на Египет.

https://p.dw.com/p/12KWs
Египетски војници на границата со ИзраелФотографија: picture alliance/dpa

Египет денеска најави дека ќе го повлече својот амбасадор од Израел во знак на протест поради загинувањето на египетските војници и полицајци во инцидент, оценувајќи дека е прекршена мировната спогодба во 1979 година.

Напнатоста во односите меѓу двете земји е зголемена по убиството на осум Израелци, шест цивили и двајца војници завчера, во близина на границата на Израел со Египет и Јордан, а за нападот се осомничени палестинските екстремисти од појасот Газа, кои во Израел влегле од Египет. Официјален Египет соопшти дека нивните војници и полицајците загинаа за време на израелската потера по напаѓачите. Одлуката за повлекувањето на амбасадорот Јасер Реда е објавена во момент додека повеќе стотици демонстранти протестираа пред израелската амбасада во Каиро, веејќи го палестинското знаме, фрлајќи петарди и барајќи протерување на израелскиот амбасадор поради загинувањето на египетските војници.

Автор: ЖА/ СН/ дв/миа

Редактор: Симе Недевски