1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет има преодна влада

AT/ афп/ дпа17 јули 2013

Речиси две недели по симнувањето од власт на претседателот Мурси заклетва положија членовите на новата влада во Египет. Командантот на безбедносните сили е не само министер за одбрана, туку и прв заменик на премиерот.

https://p.dw.com/p/199OF
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Египетските министри во Каиро заклетва положија пред преодниот претседател Адли Мансур. Исто така и премиерот Хасем ал Беблави беше присутен. Меѓу приоритетите на неговиот кабинет тој ги наведе повторното воспоставување на безбедноста како и подготовките за парламентарни и претседателски избори.

Шест месеци до парламентарните избори

Командантот на силите за безбедност, генералот Абдел Фатах ал Сиси, ја доби не само функцијата министер за одбрана, туку тој е и прв заменик на премиерот. На чело на министерствата за стопанство се претежно стручњаци. Министер за финании е Ахмед Галал, долгогодишен експерт на Светска банка. Министер за надворешни работи е Набли Фахми, од 1999 до 2008 амбасадор во Вашингтон. Исто така и премиерот Ал Беблави е економски експерт со долгогодишно искуство во развојните банки и организациите на ОН.

Војската на 3. јули го обезвласти претеседателот Мохамед Мурси, по една година откако тој дојде на валст. Преодната влада ќе остане на функција до новите избори, кои се прдвидени за шест месеци. Шефот на војската Ал Сиси по соборувањето на претседателот вети дека власта ќе остане во рацете на цивилни политичари. Неговото учество во преодниот кабинет како вицепремиер укажува на тоа дека силите за безбедност би можеле да играат поголема улога отколку што се очекуваше досега.