1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет: Процес против лидерите на Муслиманското братство

ЖА/дв/дпа/афп/ртре5 август 2013

Во Египет на крајот на август ќе се одржи судски процес против шестмина високи по ранг членови на Муслиманското братство обвинети за судирите кратко пред соборувањето на екс-претседателот Мохамед Мурси.

https://p.dw.com/p/19Jhw
Фотографија: Reuters

Суд во Каиро го одреди терминот за почетокот на судскиот процес против водечки политичари на исламистите во Египет. Спиритуалниот водач на Муслиманското братство, Могамед Бадија, неговиот заменик Чаират ал-Шатер и други четворица функционери на 25 август треба да одговараат за судирите кои се случија пред Централатана организацијата на 30 јуни, како што соопшти египетската новинска агенција Мена.

Државното обвинителство ги товари обвинетите за убиство и поттик на убиство. Нјамалку осум лица загинаа кога противниците на тогашниот претседател Мохамед Мурси сакаа да продрат во Централата на Муслиманското братство. Три дена подоцна Мурси, кој беше избран на функцијата како кандидат на Муслиманското братство, беше соборен од страна на војската. Следуваа налози за апсење за околу 300 членови на Муслиманското братство. Преодната влада, формирана потоа од страна на војската, во мешувреме го зголемува притисокот врз приврзаниците на соборениот претседател да ги расчистат протестните логори. Демонстрантите веќе еден месец кампираат на јавни меставо Каиро, барајќи враќање на власт на Мурси.

Ägypten Krise Proteste von Mursi-Anhängern 05.08.2013
Фотографија: picture-alliance/dpa

Новата најмоќна фигура во Египет, командантот на воените сили, генералот Абдел Фатах ал-Сиси вчера се сретнал со исламистички челници во обидот да се надмине длабоката политичка криза која изби по отстранувањето од претседателската функција на исламистот

Мохамед Мурси. Генералот Абдел Фатах ал-Сиси кој инаку беше министер за одбрана и челник на Врховниот совет на вооружените сили на Египет, и на 3-ти јули му ги одзеде овластувањата на првиот избран претседател,

порача дека „се‘ уште има можности за мирно решавање на кризата, под услов сите страни да го отфрлат насилството“, изјави армискиот портпаролот, полковникот Ахмед Али.

Ова е првпат армијата официјално да даде известување за средба на својот главен командант и исламистичките челници, На состанокот не присуствувал ниеден претставник на Муслиманското братство, но на него учествувале салафистичките проповедници кои потоа им одржаа говор на приврзаниците на Мурси собрани на плоштадот Раба ал-Адавија во Каиро. Генералот Сиси во саботата за весникот „Вашингтон пост“, на прашањето дали има намера да се вклучи во трката за претседател на државата, изјави дека нема такви аспирации.