1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еквадор бара сојузници за „спас“ на Асанж

ЖА/дв/дпа17 август 2012

Еквадор побара поддршка од Унијата на јужноамериканските држави во врска со спорот околу основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кому Кито му одобрија азил.

https://p.dw.com/p/15rar
Фотографија: picture-alliance/dpa

Еквадор побара итна седница на Унијата на јужноамерикански држави за разгледување на односите меѓу Еквадор и Велика Британија, откако Кито му одобри политички азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој веќе два месеци се крие во еквадорската амбасада во Лондон.

Вчера Кито му одобри политички азил на Асанж, затоа што сметаше дека неговиот живот е во опасност, откако Викиликс објави стотици илјади доверливи американски документи.

Велика Британија меѓутоа не му дозволува да ја напушти земјата и инсистира да го израчи на Шведска, каде Асанж треба да одговара за сексуален напад. Но, тој стравува дека од Шведска ќе биде испратен во САД, каде може да биде обвинет за објавувањето тајни американски документи на интернет.

Американското министерство за надворешни работи искажа своја воздржаност во спорот околу Асанж. Вашингтон нема да се меша, зашто се „работи за нешто што треба да го расчистат меѓусебно Еквадор, Шведска и Велика Британија“, изјави портпаролот на Белата куќа.