1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економските надежи Црна Гора

25 мај 2006

Од понеделник се е познато: со Црна Гора од поранешна Југославија се прости и последната држава, прогласувајќи независност. За малата република приближувањето кон Европската унија е вистинската надеж:

https://p.dw.com/p/AeLl
Фотографија: AP

Економски Црна Гора одамна се раздели од Белград. Постои царинска граница со Србија,а самостојно, и еврото е воведено како државна валута. Најголемите фирми се алуминиумскиот комбинат во Подгорица што во минатата година беше продаден на руска фирма, во што пак учествува и американскиот алуминиумски џин Алкоа.Црногорскиот телеком го презеде унгарскиот, кој пак му припаѓа на германскиот телеком. Најголемиот економски потенцијал владата на Црна Гора го гледа во јадранскиот брег. Меѓутоа, додсега изостанаа очекуваните западни туристи, вели министерот за туризам Предраг Ненезиќ:

„Имавме многу долга криза во регионот, а и претходно јадранскиот брег важеше за многу ефтин, што беше популарен, но беше способен за конкуренција. Затоа усвоивме голем план. Во 2001 во соработка и голема поддршка на германската влада, и се етапно се реализира„

Многумина Црногорци и натаму се вработени во државни фирми кои само навидум работат или се приватизираат или санираат. Наводно профитабилниот агроконцерн Плантажа кој пред се продава вина на Балканот, и кој со приватизацијата започна многу порано, како што вели директорката за маркетинг Ана Хајдуковиќ:

„Во деведесттите започна големиот пресврт. Плантажа беше акционерско друштво, но најголемиот број акции се уште и припаѓаа на државата. И покрај тоа фирмата сега работи за сопствена сметка. По укинувањето на санкциите против Југославија Плантажа повторно започна да извезува во странство„.

Меѓу купците на црногорското вино е и Германија, а одделувањето од Србија би требало да го ослободи патот кон Европската унија. Од тоа, се надеваат многуимна, ќе произлезат нови импулси за стопанството.