1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економски пулсирања

11 декември 2008

Експерти предвидуваат „драматичен пад“ на германското стопанство во 2009. ММФ ќе ја коригира надолу прогнозата за светската конјунктура. Тојота: во 2009-та ќе бидат пласирани еден милион возила помалку.

https://p.dw.com/p/GDla
Ханс-Вернер Зин, претседател на ИФОФотографија: AP

Експертите на институтот за економски истражувања ИФО од Минхен во наредната година очекуваат пад на севкупните стопански постигнувања на Германија од 2,2 насто. За 2008 се очекува на крајот домашниот бруто-производ (БНП) да бележи плус од еден ипол процент. За Ханс-Вернер Зин, претседател на институтот, прогнозата за наредната година е „драматична бројка“. Но, во моментов во економијата во сите региони на светот трендот е надолен и Германија како земја ориентирана на извоз не ќе може да ги одбегне последиците од тоа, вели Зин. Институтот, не чие чело стои тој, предвидува дека драстично ќе опаднат извозот и инвестициите. И покрај порастот на платите, не може да се очекува подршка од страна на приватната потрошувачка. Бројката на невработени ќе порасне за половина милион. Постепено излегување од кризата институтот предвидува дури во 2010-та година, иако тогаш очекува пад на БНП од 0,2 насто, а невработеноста да достигне 4 милиони.


Се очекува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по кој знае кој пат да ја коригира надолу својата прогноза за светската конјунктура. Последната прогноза, актуелизирана во ноември, не може да се смета за конечна, изјави во Франкфурт Џон Липски, заменик-директор на ММФ. Многу е веројатно дека нашите прогнози за стопанскиот пораст во светот натамошно ќе ги коригираме надолу, рече Липски.

Euro Skulptur in Frankfurt vor der EZB
Скулптура на еврото пред седиштето на ЕЦБ во ФранкфуртФотографија: dpa

Во Европската централна банка (ЕЦБ) не гледаат простор за натамошно намалување на каматите, и покрај забрзаното опаѓање на конјунктурата. Јирген Штарк, член на директориумот на ЕЦБ, смета дека по големото претходно намалување, сега се можностите толку ограничени, што во најдобар случај се можни само мали чекори. ЕЦБ од почетокот на октомври во три чекори ги намали каматите за 175 базични поени севкупно; последниот пат минатата недела за 75 поени. Каматата на парите, што ЕЦБ им ги позајмува на деловните, сега изнесува два ипол процента.


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот од 14 милијарди долари за помош на производителите на автомобили. Потребна уште и согласност од Сенатот, но тоа не може да се смета за сигурно. Републиканските пратеници најавија свој предлог за решение на кризата на Џенерал Моторс, Крајслер и Форд, кој наместо врз финансиски шприцови со пари од даночните обврзници, се потпира врз приватни инвеститори.


И германските производители на автомобили бараат парична помош во износ изразен со милијарди, но од Европската Унија. Станува збор за 20 до 40 милијарди евра во форма на кредити со поволни камати. Тие треба да бидат наменети за развој на мотори кои помалку би ја оптоварувале природната околина, вели во едно интервју претседателот на Здружението на германската абвтомобилска индустрија Матијас Висман. Германските производители и досега добиваа помош од Унијата, но сега поради кризата тешко доаѓаат до поволни кредити.

Toyota Logo
Фотографија: AP

Најголемиот јапонски и светски производител на автомобили Тојота ќе ги намали своите планови за пласман во наредната година за еден цел милион возила. Според агенцијата Кјото, првобитниот план, поставен во август, предвидуваше пласман на 9,7 милиони автомобили. Со планираната корекција, пласманот на возила на Тојота ќе падне на ниво од 2005-та година.