1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Wirtschaft Nachrichten

23 јули 2009

Видекинг си замина од „Порше“; Голдман Сакс целосно ги врати средствата од владината помош за спасување на американските банки.

https://p.dw.com/p/IvlW
Фотографија: picture-alliance/ dpa

За денеска напладне е најавена седница на Надзорниот одбор на концернот „Фолксваген“ и тоа во Штутгарт, каде е седиштето на „Порше“. Основна тема на средбата е да бидат создадени предуслови за формирање интегриран автомобилски концерн, составен од „Порше“ и „Фолксваген“.

Големата швајцарска банка Кредит Суис во вториот квартал од годинава постигна добивка од една милијарда евра, благодарение на добрите бизниси во инвестмент-бенкингот. Во однос на истиот квартал лани порастот изнесува 29 проценти. Резултатите на банката се над очекувањата на аналитичарите и се можен индикатор за резултатите и на другите големи европски банки, кои допрва ќе ги објават резултатите од работењето. Дојче банк тоа ќе го стори наредната недела.

Голдмен Сакс, една од големите американски банки, целосно ги врати средствата од владината помош за спасување на банките, дури издвои и 318 милиони долари за исплата на дивиденди. Со ова банката се ослободи и од условите наметнати со државната помош, како на пример, ограничување на платите на менаџерите. И во вториот квартал од годинава банката постигна добивка изразена во милијарди долари.

Јапонскиот извоз во јуни забележа најмал пад за последните шест месеци, иако стапката во однос на истиот месец лани е висока - 35,7 проценти. Во мај падот изнесуваше 40,9 насто. Извозот на второто по големина стопанство во светот бележи пад од минатиот октомври наваму.

Автор: Моника Ломилер/Цанг Донг/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска